Македонија
Груевски: Овие од Апелација ќе му треснат ослободителна на Заев и ќе ја засенат Кацарска
Бегалецот Никола Груевски во објава на „Фесјбук“ реагира на одолговлекувањето на пресудата на Апелацискиот суд за случајот „Поткуп“, во кој беше обвинет премиерот Зоран Заев. За предметот скопска Апелација речиси една година не ја соопштува одлуката за предметот. Според Груевски, наспроти тоа, за него целата постапка се одвивала исклучително брзо.
„…И апелациските судии и Кацарска во основниот суд претходно брзаа да го решат предметот ‘Тенк’ за да не ме држат во неизвесност и во исчекување. Тоа е преголема почит, да ми помогнат од љубов, хуманост и човекољубие… А ова што го развлекуваат за Заев по година-две и повеќе е за да го измачуваат. Да види тој како е година-две да не ти го решаваат предметот па дури потоа да те ослободат“, напиша Груевски на „Фејсбук“.
„Интегритет покажуваат. Не го фермаат. Го ослободуваат и чао, кој го прашува, не му се плашат! Сега по избори, или ако сакаат уште малку да го мачат можеби и подоцна, кога ќе му треснат на Заев една ослободителна пресуда на маса овие од Апелација, ќе ја засенат и Кацарска… Па изнервиран тој од нив, кога ќе фати да ги унапредува, има лом да биде…“, пишува во објавата на експремиерот.
Од судот за „Макфакс“ рекоа дека одлуката за „Поткуп“ на којашто се жалеше обвинителството е донесена, но не смеат да ја соопштуваат зашто не била потпишана од сите судии.
Скопскиот Кривичен суд лани во мај донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“. Еден и пол месец подоцна обвинителството испрати жалба на пресудата.
Обвинителката Валентина Бислимовска во завршниот збор направи измена на обвинението и предложи, наместо за примање поткуп, за што беше предвидена казна затвор над пет години, премиерот да биде гонет за обидот да земе поткуп како градоначалник на Струмица. Бислимовска тогаш нагласи дека сведокот Иван Николов Сачевалиев во исказот бил дециден дека не му дал пари на Заев и дека тој како градоначалник не примил подарок. Со преквалификацијата на делото отпаднаа посебните истражни мерки за Заев што ги предложи обвинителството.
Заев пред судот и медиумите рече дека станува збор за местенка од претходната власт со цел негова политичка дискредитација и објасни дека е среќен што ја докажал неговата невиност пред судот. Во предметот „Поткуп“ Заев беше обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од над 160 илјади евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за продажба на државно градежно земјиште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Битола објави повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти
Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2026 година.
Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште, односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.
Пријавите треба да се достават до Општина Битола преку пошта на адреса; Општина Битола, Булевар 1 –ви Мај број 61, 7000 Битола или да се достават во архивата на Општина Битола од 07:30 часот заклучно со 15:30 часот до последниот ден од Јавниот оглас.
Рокот за поднесување на пријавите започнува од 25.02.2026 година и трае заклучно со 11.03.2026 година.
Пријавите од јавниот повик ги разгледува Комисијата за млади и спорт од Советот на Општина Битола и согласно критериумите ја одбрува висината на финансиската поддршка. Финансиската поддршка согласно програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2026 изнесува 2.000.000,00 денари за спортски клубови/спортски здруженија и 1.000.000,00 денари за индивидуални спортисти.
Повеќе за јавниот повик на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/sportski-klubovi-zdruzenija-i-sportisti/
фото/ Depositphotos
Македонија
Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели, клевета и нарушување на чест и углед.
„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед.
Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата.
Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, објави Заев на социјалните мрежи.
Македонија
Милошоски-Бунфорт: потенцирана поддршката на Унгарија кон ЕУ интеграциите
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски оствари работна средба со Жолт Бунфорт, специјален претставник за Западен Балкан на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан придружуван од Ѓула Шомоѓи, советник и Јулијана Армаш, советник, како и заменик шефот на мисијата Атила Фодор.
На средбата беше потврдена одличната македонско-унгарска соработка и подготвеност за понатамошно унапредување на односите на двете држави во повеќе области. Беше потенцирана заложбата за интензивирање на соработката во економската област преку реализирање на заеднички проекти, како и зближување на двата народа преку зајакнување на пријателските односи и културната размена.
Специјалниот претставник за Западен Балкан Бунфорт, ја потенцираше поддршката на Унгарија кон македонските ЕУ интеграции, истакнувајќи дека членството во ЕУ не претставува награда, туку признание за реформските напори и остварениот напредок во изминатиот период.

