Македонија
Груевски: СДСМ прави политички театар од автопатиштата
Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со објава на официјалната фејсбук-страница се посвети на обновата и изградбата на автопатиштата во земјава. Како што наведува Груевски во објавата, деновиве се потсетил на изјавата на Зоран Заев од мај или јуни 2017 во која јавно ветил дека ќе изгради 600 километри автопат во Македонија, во неговиот четиригодишен мандат.
„Од владата на ВМРО-ДПМНЕ наследија во длабока фаза на градба два автопатишта кои заедно се околу 100 километри автопат, едниот Скопје-Штип завршен 70 осто, вториот Кичево-Охрид, завршен 50 осто. И двата со обезбеден кредит и финансирање и потпишани договори. Се надевам нема да си препишат некој километар од автопатот Демир Капија-Смоквица 29 километри, кој целосно се заврши во мај 2017, а еве цела година СДСМ преместува еден далновод и ја завршува контролната соба. Значи соба. Не пат. Една година“, се вели во објавата на Груевски.
Притоа тој појаснува дека автопат е пат кој има најмалку 6 коловозни ленти и други карактеристики прифатени според меѓународните стандарди.
„Освен овие два автопатишта во градба и оној кој го завршивме во мај 2017, а тие дури сега по една година го пуштија во употреба Демир Капија-Смоквица, јас знам дека СДСМ во овој нивни мандат нема да изгради не 600 километри, туку нема да изгради ниту еден километар автопат по меѓународни стандарди како што се споменатите во овој текст. Подготвен сум јавно да се обложам дека надвор од овие два автопатишта кои владата на ВМРО-ДПМНЕ им ги остави во завршна или многу длабока фаза и еден завршен каде требаше да поместат далновод, нема да изградат ниту еден километар автопат со 6 коловозни ленти надвор од тоа“, пишува Груевски.
Ова го тврдам затоа што многу добро знам колку напор е потребно за да се направи тоа, колку посветеност и волја, експерти за градежниот, правниот и финансискиот аспект, капацитет на министри и директори и нивните тимови, дневно менаџирање на процесот и колку време на подготовка треба, под услов да имаш ефикасна влада.
„Оваа неспособна влада само ќе ветува и ќе купува време. Ова го знаев и пред една година кога Заев го кажа ветувањето, а денес само констатирам дека, за жал, тоа што го знаев, сега се случува и потврдува. Дури и сите пари ЕУ да ги даде како грант на Македонија, пак ќе биде истиот резултат поради неспособноста и незаинтересираноста на власта да го спроведе процесот“, истакнува поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

