Македонија
Дали Али Ахмети го жртвуваше Груби за слободата на Мијалков, прашува „Влен“
„ДУИ, која дваесет години владееше со државата како со лична компанија, денес повторно се обидува да се претстави како партија што ги брани правата на Албанците. Откога останаа без институциите преку кои ги контролираа процесите и ја злоупотребуваа власта, сега се враќаат на реториката за еднаквост и правда, зборови што одамна изгубија значење во нивната политика“, велат од „Влен“.
„Но, народот има право да праша: каде беше ДУИ кога вистински требаше да ги брани интересите на Албанците?
Дали правата на граѓаните беа приоритет кога договараа како Сашо Мијалков да остане слободен човек?
Дали сега, откога се опозиција, Али Ахмети ќе почне да го носи со себе Мијалков, како што го носеше Артан Груби низ институциите?
Артан Груби е во бегство, се жртвуваше за Сашо Мијалков да е на слобода.
Во годините кога ДУИ имаше апсолутна власт во клучните сектори, наместо да ги зајакнува државните институции, тие ги претворија во алатки за партиска корист. Наместо да обезбедат квалитетно образование за младите, тие ги фокусираа ресурсите кон своите лични и деловни интереси. Наместо да се борат за правна држава, тие се договараа зад затворени врати за да ги заштитат оние што со години го уништуваа судскиот систем.
ДУИ не падна затоа што немаше политичка моќ – падна затоа што се изгуби во корупцијата.
Денес, кога веќе немаат институции во свои раце, кога не може да ги контролираат Обвинителството и судството, се обидуваат повторно да ја изградат сликата на борци за правата. Но, граѓаните не забораваат дека токму ДУИ беше таа што ги претвори институциите во механизми за спас на корумпираните елити.
Затоа, секојпат кога ДУИ ќе зборува за правда, треба да потсетиме дека тоа е партијата што го спаси Мијалков. Секојпат кога ќе зборуваат за демократија, треба да се сетиме дека тие беа тие што ја партизираа администрацијата. И секојпат кога ќе ветат дека ќе се борат за Албанците, треба да прашаме – зошто не го направија тоа додека имаа моќ?
ДУИ ја изгуби довербата на народот затоа што ја издаде. Сега, кога веќе не може да го контролираат системот, се обидуваат повторно да го заведат со лаги. Но, овој пат народот гледа, народот знае и народот ќе одлучи.
Време е за политика што не се договара со криминалци. Време е за политика што вистински работи за народот. Време е за политика без ДУИ“, се наведува во соопштението на „Влен“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

