Македонија
(Видео) Данев: Договорот е едностран, Македонија прифаќа ултиматум

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, денеска во Собранието истакна дека договорот е противуставен и прави непоправлива штета.
„Ова е капитулација, договорот е современ геноцид на нашето постоење. Тој е едностран, Македонија прифаќа ултиматум. Со спогодбата се наметнува ново име на државата под уцена“, рече Данев кој побара еден час пауза, но Џафери продоложи со седницата и беше изгласан дневниот ред, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија пленарната седница.
Претходно, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, образложи дека повеќе од неопходно е да се донесе предлог-законот за ратификација на спогодбата по скратена постапка, за Грција да може да го извести НАТО за пoканата.
Паралелно пред Собранието се случуваа протести против промена на името.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт основните трошоци се зголемени за 4.300 денари, а минималната платата за само 1.800 денари

ВМРО-ДПМНЕ за една година ја доведе државата во најголема економска несигурност што сме ја виделе досега, а граѓаните живеат сé потешко, посочи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче.
Тој нагласи дека додека владата ги користи своите ПР трикови за да прикаже дека во државата добро се живее, реалноста е поразителна- граѓаните се тие што знаат како живеат и каква е реалната состојба со економијата, цените и платите.
„Реалните бројки, не оние измислените од премиерот, покажуваат дека платите стагнираат, цените растат, а граѓаните губат. Инфлацијата е 4,8%, секојдневно растат трошоците и реалноста е дека се живее сè потешко“, рече Филипче.
Говорејќи за животниот стандард, Филипче нагласи дека минималната синдикална кошница, откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, секој месец урива нови рекорди.
„Во јуни 2024 година, минималната синдикална кошничка изнесуваше 60.325 денари, а во август минатата година надмина 61.199 денари. Денес, после една година таа достигна 65.507 денари. Тоа значи дека во периодот откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, основните трошоци за живот се зголемени за околу 4.300 денари. Во исто време, минималната плата е зголемена за само 1.800 денари. Ова е директен удар врз стандардот на граѓаните, рече Филипче.
При тоа, Филипче потенцираше дека реалните бројки, не оние измислените од премиерот, покажуваат дека платите стагнираат, цените растат, а граѓаните губат.
„Премиерот Мицкоски се фали со бројки за „раст на платите од 11, 12 или 13%“. Но, да ги погледнеме реалните бројки. Реалната плата, онаа што ја покажува куповната моќ на граѓаните, во јуни порасна само 3,8%, а пред една година со мерките на СДСМ растот беше 11%. За прв пат после долги години имаме пад на просечната плата во споредба со претходниот месец – тоа беше случај во јуни“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Македонија
„Кандидатурата на Мециновиќ за Скопје е договор на Левица да им помогне на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Јасно е дека кандидатурата на Амар Мециновиќ е дил на Левица за помош на ДУИ и СДС, со математика Орце Ѓеорѓиевски да не победи уште во првиот круг“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа Левица не можеше да најде ниту еден друг кандидат и никој друг не се нафати за кандидат за градоначалник за Скопје, па затоа го кандидираа пратеникот Амар Мециновиќ.
Го прашуваме Мециновиќ со оглед на тоа што Димче Апасиев бараше пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се кандидати за градоначалници да си поднесат оставка дали Мециновиќ ќе си поднесе оставка од пратеник бидејќи е кандидат за градоначалник“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ДУИ не се Албанците, ДУИ е криминалната коалиција на злото, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Бујар Османи продолжува со истата матрица, секоја критика за криминалот на ДУИ да ја претставува како „поттик на поделби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавите на Бујар Османи од ДУИ.
Вистината, според владејачката партија е сосема спротивна.
„Поделбите и неправдите во државата настанаа токму поради СДСМ и ДУИ и нивната власт заради криминалните тендери, корупцијата и злоупотребата на институциите.
Бујар, Артан, Заев, Али и Филипче се коалиција на злото која ја жртвува Македонија за да ја ограбат државата и народот.
Кога ќе бидат фатени со рацете во медот, Османи и неговите колеги се кријат зад етнички теми. Но Албанците не се ДУИ, ниту пак ДУИ има право да зборува во нивно име“.
Албанците во Македонија, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ се чесни граѓани кои сакаат ред, правда и развој, а тоа, како што велат е спротивно од она што го нудат Али, Артан, Бујар, Филипче и Заев.
„Затоа, колку и да се обидуваат да ја претворат борбата против криминалот во „етничко прашање“, тие добро знаат дека нема да успеат. Народот кажа јасно: криминалот не се исплати, а ДУИ и СДС се минато“.