Македонија
Дарко Каевски нов портпарол на СДСМ
Синоќа се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ, на која на дневен ред беше актуелната состојба во земјата по воената агресија врз Украина. Се разговараше за мерките за заштита на стандардот на граѓаните и економијата, за спречување ценовен шок и справување со последиците од глобалната енергетска криза.
Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, информира дека Владата внимателно ги следи состојбите дома и надвор и навреме презема соодветни мерки за да се зачува стандардот на граѓание и економијата.
„Граѓаните треба да бидат спокојни, како членка на НАТО нашата безбедност и сигурноста се гарантирани. Земјата има задоволителна количина прехранбени производи, нафтени деривати во стоковите резерви. Со преземените мерки на Владата не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи.
Во моментот нема потреба да се стават во функција стоковите резерви, институциите продолжуват со снабдување на државните резерви, а се разгледуваат и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви. Централната банка изминатиот период информира дека девизниот курс на денарот е стабилен, а стабилна е состојбата и со девизните резерви.
Следејќи ја ситуацијата, Владата предводена од СДСМ веќе подготвува нови пакети за помош на граѓаните и економијата врз основа на анализи. Продолжува социјалниот дијалог, по покачувањето на миниминалната плата, се работи на методологија за ново покачување на пензиите, како и за дополнителна помош на пензионерите во услови на криза“, се вели во соопштението на СДСМ.
Во согласност со одлуката на членовите на Извршниот одбор, на оваа седница Дарко Каевски е избран за портпарол на СДСМ по изборот на Костадин Костадинов за градоначлник на Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

