Македонија
Да ги запознаеме ретките болести: Mozzart со поддршка на кампањата и здружението „Ретко е да си редок“
Февруари е месец посветен на ретките болести. Годинава кампањата „Запознајте ги ретките болести“ во организација на Здружението „Ретко е да си редок“ се спроведува по седми пат и повторно со поддршка од компанијата Mozzart.
Претседателката на Здружението, Гордана Лолеска изрази голема благодарност за поддршката која компанијата ја дава за подобра организација и реализација на национална кампања за ретките болести.
„ Голема благодарност до компанијата Mozzart што повторно одлучи да застане зад нашата кампања посветена на ретките болести за кои треба да зборуваме се повеќе. Нивната помош многу ни значи на секое поле и е премногу важна. Овој проект првенствено беше замислен да оди во вид на текстови за ретки дијагнози по веб порталите секој ден во месец февруари, но ентузијазмот за работа и идејата да се направи нешто повеќе го дозбогатија проектот со видеа и аудија за секоја болест, така што проектот се емитуваше низа цела територија на Македонија и низ различни медиуми со што еден мал замислен проект прерасна во национална кампања за ретки болести“, изјави Гордана Лолеска, Претседател на Здружението „Ретко е да си редок“.

Првиот ден на ретки болести бил одбележан во 2008 година на 29 февруари и оттогаш, истиот се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по својот редок број на денови.

„Втора година даваме поддршка на Здружението „Ретко е да си редок“ како и на кампањата „Запознајте ги ретките болести“. По првата успешна соработка, одлучивме истата да ја продолжиме и оваа година и да бидеме дел од овој проект во кој ќе се реализираат голем број активности, а се со цел да се даде поддршка на лицата со ретки болести и на Здружението кое стои зад целата кампања. Драго ни е што и оваа година ќе бидеме дел од активностите и заедно ќе допринесеме за подобро запознавање на ретките болести”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Она што не е ретко се добрите дела кои ги реализира лидерот во приредување игри на среќа. Препознатливи како компанија со најголема општествена одговорност, Mozzart не престанува да подава рака, да помага и да дава поддршка на многу места и во различни области.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

