Македонија
Да им биде продолжен притворот на осомничените за несреќата кај Ласкарци, бара скопското Обвинителство
Скопското јавно Обвинителство што ја води истрагата за несреќата кај Ласкарци побарало од судот да им бидат продолжени притворот и куќниот притвор на осомничените, дознава „Макфакс“. Пред 30-ина дена притвор им беше определен на шоферот на автобусот со кој што патуваа оштетените патници и на сопственикот на превозникот „Дурмо турс“.
Станува збор за предлози со кои се бара да им биде продолжен притворот на тројцата осомничени и куќниот притвор на уште тројца осомничени. За седмиот осомничен беа побарани и определни мерки за претпазливост. За предлозите на Обвинителството треба да одлучи Кривичниот суд. Според сознанијата на „Макфакс“, во скопското Обвинителство и натаму се сослушуваат сведоци во истрагата.
Несреќата кај Ласкарци се случи на 13 февруари годинава кога автобусот на „Дурмо турс“ со 51 патник излета од патот Тетово-Скопје и падна во бездна кога ја проби заштитната ограда на автопатот. Во несреќата загинаа 16 лица, а 39 беа повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

