Македонија
Да не се бараат сертификати при излез од земјата, бремените жени да се вратат на работа
Комисијата за заразни болести бара да се укинат две мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.
Првата е да не се бара сертификат за прележаност, за примена вакцина или ковид-тест при излез од Македонија. Втората е бремените жени да се вратат на работа, односно тие повеќе нема да бидат ослободени.
Сепак, на сила остануваат мерките кои се однесуваат на барањето на сертификати при влез во трговски центри, кафетерии, затворени простории.
„За укинување на генералните препораки или мерки, Комисијата остана на ставот дека вакцинацијата во државата е 41 процент, зборуваме за две примени дози, тоа е премногу низок опфат на вакцинација за да се укинат мерките кои спречуваат трансмисија на вирусот. Сè уште се наоѓаме во широка трансмисија на вирусот на локално ниво, па така укинувањето на мерките, вклучувајќи ги сертификатите, може да ја влоши состојбата и да ги преполни болниците и амбулантите“, кажа Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата.
Според Мехмедовиќ, враќањето на бремените жени на работа и препораката за вакцинација, е со цел да се заштити нивното здравје.
„Препораката е бремените жени да се вакцинираат и така да го заштитат своето здравје. Досега мерката беше да се ослободат од работа, а препораките од светот е да се вакцинираат. Тоа е за унапредување на здравјето на бремените жени“, рече тој.
Посочи дека граѓаните кои ја напуштаат Македонија ќе треба да имаат негативен ПЦР или потврда за вакцинација, само доколку земјата во која влегуваат тоа го бара.
Во претходната недела, се бележи помал број на заразени од коронавирус, но и пад на бројот на починати за 28 проценти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

