Македонија
Да не се шпекулира дека смртта на родилката е поврзана со породувањето, велат од Здравство
Триесет и едногодишна родилка од Гевгелија вчера почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Од Министерството за здравство апелираат да не се шпекулира дека смртта е поврзана со породувањето со оглед на тоа што таа била донесена во Клиничкиот центар пет дена по породувањето. Од таму велат дека е потребно да се почека обдукцискиот наод за да се утврдат точните причини за смртта.
„Министерството за здравство е запознаено со случајот на 31-годишната родилка која била донесена од Општата болница во Гевгелија петтиот ден по породувањето поради епилептични напади од непознато потекло во Клиничкиот центар во Скопје“, се вели во соопштението.
Од КАРИЛ информираат дека родилката била примена во исклучително тешка состојба и дека било постапено во согласност со сите протоколи.
„Направени се сите иследувања, но по две недели во кома, починала и телото е предадено на обдукција“, велат од КАРИЛ.
Од МЗ велат дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат постапува во рамките на своите надлежности и дека се врши вонреден инспекциски надзор во болницата во Гевгелија и кај матичниот гинеколог на починатата родилка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

