Македонија
Дваесет и пет починати и 1.064 новозаболени од коронавирус во Македонија
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа 25 лица починале од коронавирус, а потврдени се 1.064 нови случаи. Оздравеле 507 пациенти.
Направени се 3.096 тестирања, а најголем број нови случаи се потврдени во Скопје – 541, Куманово и Тетово по 57, во Штип – 46, Велес – 44 и Битола – 43.
Во останатите градови состојбата со нови случаи е следна: Дебар – 4, Прилеп – 24, Струга – 23, Охрид – 33, Кавадарци – 25, Гостивар – 12, Гевгелија – 11, Струмица – 23, Крива Паланка – 8, Радовиш – 12, Крушево – 2, Кочани – 10, Пробиштип – 4, Демир Хисар – 2, Македонски Брод – 4, Пехчево – 7, Берово – 3, Валандово – 3, Виница – 3, Делчево – 3, Кратово – 2, Свети Николе – 17, Кичево – 25, Ресен – 6, Неготино – 10.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 507 оздравени пациенти од: Скопје – 163, Куманово – 36, Дебар – 4, Штип – 19, Прилеп – 30, Тетово – 30, Струга – 16, Велес – 39, Битола – 20, Охрид – 21, Кавадарци – 17, Гостивар – 15, Гевгелија – 9, Струмица – 24, Крива Паланка – 2, Радовиш – 2, Крушево – 1, Кочани – 17, Пробиштип – 8, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 1, Берово – 2, Валандово – 3, Виница – 5, Кратово – 2, Свети Николе – 6, Кичево – 9, Ресен – 3, Неготино – 2.
Починати се 25 лица, тројца пациенти од Скопје (62, 82 и 75 г.), тројца од Тетово (46, 77 и 83 г.), двајца од Прилеп (71 и 79г), еден од Крушево (40г), пет пациенти од Куманово (34, 49, 49, 66 и 62 г.), четири пациенти од Битола (71,72, 73 и 75 г.), еден пациент од Гостивар (65 г.), еден од Кавадарци (69 г.),еден од Крива Паланка (75 г.), еден пациент од Струмица (70 г.), еден пациент од Валандово (60 г.), еден пациент од Пехчево (69 г.) и еден пациент од Свети Николе (68 г.). Од нив, двајца пациенти се починати надвор од, останатите во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 44.898, бројката на оздравени пациенти е 26.289, на починати е 1.263, а бројот на активни случаи изнесува 17.346.
Досега во земјата се направени вкупно 286.181 тестирања на Ковид -19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 485
• Гази Баба – 1124
• Аеродром -1270
• Карпош – 1055
• Центар – 1026
• Кисела Вода – 1008
• Ѓорче Петров – 670
• Бутел – 420
• Шуто Оризари – 138
• Студеничани – 40
• Сарај – 100
• Арачиново -21
• Илинден – 197
• Сопиште – 64
• Чучер Сандево – 77
• Петровец –81
• Зелениково -52
• Странец – 140
• Нераспределен- 169
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.

