Македонија
Двајца кандидати за ректор на УКИМ бараат оставка од Комисијата
Професорите Петар Атанасов и Вујица Живковиќ, кои се кандидати за ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, поднеле приговор до универзитетската Комисија за избор на ректор поради, како што велат, преземени активности што не се во согласност со уредбата на Владата, Законот за високо образование и Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Во приговорот тие бараат веднаш да бидат стопирани сите преземени активности, а Комисијата за избор на ректор да поднесе оставка.
„Бидејќи од вчерашниот ден повторно се воведува вонредна состојба, бараме Комисијата за избор на ректор да си понесе оставка, а институциите на државата да ги санкционираат овие противзаконски дејства во веќе целосно компромитираната и дискредитирана постапка“, истакнуваат двајцата од 7-те кандидати за избор на ректор.
Двајцата во приговорот наведуваат дека начинот на продолжување на постапката за избор на ректор, како и новиот роковник објавен на сајтот на УКИМ во недела, уште повеќе ја компромитира регуларноста на целата постапка.
Тие сметаат дека конкурсот за последниот петти ден, требало да биде објавен на истиот начин како и првиот пат, во две јавни гласила и на страната на УКИМ, па прашуваат дали е во ред преку е-адреса во 23:55 часот на 14 јуни, недела, да се информираат кандидатите кои поднеле документи во рок кој не е валиден, и дали на овој начин е оневозможено други кандидати да конкурираат.
„Зошто роковите на валидност на комисијата се продолжени по 26 јуни, кога претходно објаснувавте дека по тој датум Комисијата е невалидна, затоа што мандатот на членовите истекува на 26, кога според Статутот, по ова прашање единствено толкување може и треба да даде Сенатот? Вие како комисија не можете да ја толкувате уредбата на Владата со законска сила за изменување и дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за високото образование за време на вонредна состојба во делот дека ‘Спроведувањето на останатите дејствија за избор на раководни органи на високообразовните установи, кои започнале пред влегување во сила на оваа уредба со законска сила, продолжуваат по престанокот на траењето на вонредната состојба и по престанокот на ограничувањата утврдени со закон’, односно вие да констатирате дека нема други ограничувања утврдени со закон. Толкување може да даде само орган кој ја донел уредбата, односно во овој случај Владата на Република Северна Македонија“, велат професорите.
.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.
Македонија
Ѓорѓиевски најавува враќање на празничниот дух, на 15 декември почнуваат настаните на плоштад „Македонија“
На 15 декември почнуваат предновогодишните настани на плоштад „Македонија“.
„Градот Скопје со радост најавува дека годинава празничниот дух повторно се враќа на плоштадот „Македонија“. Со посебна атмосфера, богата програма и многу изненадувања за сите генерации, претстојниот настан го означува почетокот на новогодишните и божиќните празнувања во главниот град“, велат од Градот.
„ Ајде заедно да го осветлиме градот. 15.12.2025 во 18:00 часот. Почитувани скопјани, драги родители, најдраги дечиња, нашиот град е најубав тогаш кога свети од радост, насмевки и празнична магија. А сите ние – и младите, и возрасните ја заслужуваме таа топлина што ја носат Новогодишните и Божиќните празници. Затоа, со огромна радост ве поканувам заедно да го означиме почетокот на едно ново празнично поглавје исполнето со забава, музика, многу подароци и вашите омилени херои кои ќе ги израдуваат најмалите. На 15 декември, во 18 часот, на плоштадот „Македонија“, заедно со вас ќе го осветлиме градот и после неколку години ќе ја почувствуваме првата искра на празничниот дух. Веќе од наредниот ден, па сѐ до самата Нова година, ќе следуваат секојдневни настани и забави за сите генерации. А дочекот, ви ветуваме, ќе биде спектакуларен и незаборавен“, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Притвор за скопјанецот кој насилно упадна во студиото на „Инфомакс“
Судот му определи притвор на 43-годишниот скопјанец кој вчера насилно упадна во студиото на „Инфомакс“.
Според информациите од МВР, полицијата поднесе кривична пријава по брза постапка против Г.С.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела насилство и спречување на службено лице при вршење службено дејствие.
„Имено по претходна пријава од страна на А.М. водител на емисијата ‘Инфомакс’ и по преземени мерки од страна на полициските службеници извршен е разговор со оштетениот и сведоците на настанот, обезбедени се видео записи од безбедносни камери, извршен е службен разговор со пријавениот и документирани се заканувачки пораки од пријавениот кон оштетениот. Тој е изведен пред судија на претходна постапка при што му е изречена мерка притвор“, соопшти МВР.

