Македонија
Двајца починати и 21 нов случај на новозаразени од коронавирус во земјата

На Клиниката за инфективни болести во изминативе 24 часа починал 50-годишен пациент од Скопје, хоспитализиран на 6 април, кој 17 дена бил на механичка вентилација.
На Клиниката за онкологија, пак, починал пациент на 51 година од Прилеп, чиј позитивен резултат на Ковид-19 пристигнал вчера, информираат од Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврдени се 21 нов случај на коронавирус, и тоа во: Скопје – 7, Куманово – 6, Прилеп – 4 и по еден во Тетово, Пехчево, Делчево и во Струга.
Воедно, Министерството информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 38 оздравени пациенти, од кои во Скопје – 19, во Тетово – 3, во Струга – 9, во Битола – 4 и тројца во Гостивар.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.
На Клиниката за инфективни болести примени се двајца нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 52. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација 3 пациенти.
Во болницата „8 Септември“ примени се 8 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 35. Со потешка клиничка слика се 5, а на респиратор се вкупно 6 пациенти.
Во болницата во Битола се лекуваат петмина пациенти, а на домашно лекување се следат четири лица.
Во штипската болница хоспитализирани се тројца, а уште шестмина се следат на домашно лекување.
На инфективните одделенија во Тетово, Гостивар, Куманово, Велес и во Прилеп се лекуваат 42 позитивни и суспектни на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Петровец без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија, ги информира граѓаните дека на ден 13.09.2025 година (сабота) ќе има прекин во напојувањето со електрична енергија.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците на ул. 5 во село Огњанци (потег од основното училиште до маркет „Перо“), во општина Петровец.
Македонија
Денес топло време, од утре нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Под влијание на циклонска активност во недела попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 25 l/m²) и засилен ветер. Во понеделник ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h). Во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Дел од Центар денес без вода поради дефект на водоводната мрежа

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, ги информира граѓаните дека на ден 13 септември 2025 година (сабота) ќе има прекин во водоснабдувањето во делови од Центар.
Поради уличен дефект на цевка со пречник Ф-275 мм на бул. „11 Октомври“ бб, кај Зелениот пазар, без вода ќе останат корисниците на потегот од Собранието до бул. „Кочо Рацин“, како и дел од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Прекинот ќе започне во 8 часот и ќе трае сè до санирање на дефектот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.