Македонија
Двајца починати пациенти, нови 17 случаи на коронавирус и 16 оздравени
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје – 7, Куманово – 6, Прилеп – 2 пациенти и еден оздравен пациент во Велес.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 89-годишна возраст, хоспитализиран од 4 мај. Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира и пациент од Велес на 72-годишна возраст починат на 13 мај во ГОБ „8 Септември“, кој бил на болничко лекување од 15 април.
Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи на Ковид-19, и тоа: по 3 во Скопје и Прилеп, по 2 случаја во Куманово и Велес, 1 случај во Битола, а најмногу, односно 6 случаи, во Тетово.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 225 теста се во рамките на скринингот од градинките.
Преку ИЈЗ тестирани се 135 лица од Битола, каде што е регистриран еден позитивен случај, а преку МАНУ тестирани се 90 лица од Скопје и сите се негативни.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.740, бројката на оздравени пациенти е 1.251, на починати – 97, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 392.
Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 592, активни 134
• Куманово – 413, активни 43
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 35, активен 1
• Прилеп – 193, активни 63
• Тетово – 131, активни 68
• Струга – 69, активни 6
• Велес – 113, активни 49
• Битола – 26, активни 7
• Охрид – 17, активни 2
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар – 19, активни 3
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка – 6, активни 2
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 4
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино – 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активен 1
• Делчево-1, активни 0
• Валандово – 1, активен 1
• Виница – 2, активни 0
• Кратово – 2, активни 2
• Берово – 1, активен 1
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се тројца пациенти, а вкупно хоспитализирани 44. На кислородна поддршка се 23 пациенти, на механичка вентилација е еденпациент.
Во ГОБ „8 септември“ примени се шест нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 23. На респираторна машина се шест пациенти и уште двајца се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се хоспитализирани четири, на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно четири лица, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.
На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 48 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

