Македонија
Две години условен затвор за Јанушев за набавка на двокатните автобуси
Поранешниот директор на ЈСП и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, е осуден на две години условен затвор за набавката на двокатните автобуси.
Јанушев нема да ја издржи доколку во наредните пет години не стори ново кривично дело.
Во судницата не беше присутна ниту обвинителката Лиле Стефанова ниту Јанушев и неговите адвокати.
„Обвинетиот Игор Јанушев виновен е дека осудениот Миле Јанакиески и двајцата членови од комисијата за јавна набавка за двокатните автобуси заедно со Игор Јанушев при вршење јавна набавка за економскиот оператор ‘Јутон’ од Кина прибавиле корист за набавка на двокатните автобуси на начин што постапувале по јавниот оглас за набавка на 202 новопроизведени автобуси, 200 од затворен и 2 од отворен тип.
Осудените и обвинетиот Игор Јанушев во говорот со осудениот Миле Јанакиески како министер за транспорт и врски постапиле спротивно на Законот за јавните набавки иако ‘Јутон’ не доставил гаранција заедно со документацијата и не доставил сертификат ИСО, како што се барало во документација, туку ИСО-сертификат што не бил во согласност, а комисијата не ја одбила набавката.
Како валидна ја прифатиле копијата од банкарска гаранција од 9.2.2010 година, која била доставена пе рокот иако како комисија не побарале дозвола. Откога ја исклучиле фирмата од Бугарија, иако била над 2 милиона денари поевтина од понудата на ‘Јутон’, тие ја избрале понудата на ‘Јутон’. Јанакиески не ја поништил набавката иако бил должен да го стори тоа и склучил договор со ‘Јутон’ за купопродажба на новопроизведени автобуси“, рече судијата Осман Шабани.
Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и двајца други обвинети признаа вина во случајот „Дизајн“ за набавката на кинеските двокатни автобуси за ЈСП и веднаш добија пресуда. Двете обвинети, кои заедно со ексминистерот признаа вина, се гонеа како членови на комисијата за јавна набавка, која ја спровела набавката.
По признавањето, судечкиот совет, на чело со судијата Осман Шабани, изрече и пресуда. Јанакиески и двете обвинети добија условни казни, од по две години затвор, кои нема да се извршат доколку во наредните пет години не сторат ново кривично дело.
Случајот „Дизајн“ го отвори СЈО, а по згаснувањето, премина во рацете на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

