Македонија
Две нови авиолинии од скопскиот аеродром
ТАВ Македонија денеска го прослави заминување на првиот лет на „Визер“ од Меѓународниот аеродром Скопје до Баден – Баден, аеродромот Карлсруе во Германија, одбележувајќи го отворањето на двете нови редовни авиолинии до Баден – Баден и Бремен, како и поставувањето на петтиот воздухоплов на авиокомпанијата во нивната база на скопскиот аеродром.
Првиот лет до Баден – Баден, со Ербас A 321 со вкупен капацитет на седишта за 235 патници, полета во 11:55 часот и ќе пристигне назад во Скопје во 17:05 часот. Рутата до овој германски град, познат како спа-центар во југозападниот дел од државата близу до границата со Франција, ќе биде опслужувана двапати неделно, секој вторник и сабота.
Утре, 20 март, во 11:50 часот, на скопскиот аеродром ќе пристигне првиот лет од Бремен, еден од најпопуларните германски градови во северниот дел од државата, познат како голем економски и културно-историски центар. Авион од типот ербас А320 на „Визер“ со 189 седишта, ќе лета на оваа рута двапати неделно, во среда и недела, полетувајќи од Скопје во 6:05 часот и заминувајќи за Бремен во 11:50 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

