Македонија
Движењето ЗНАМ ги објави носителите на листите за пратеници
Политичката патија Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на денешната прес конференција информира дека вчера со акламација на седницата на Извршниот, а потоа и на седницата на Централниот одбор, утврдени се носителите на листите во сите шест изборни единици за претстојните парламентарни избори.
Како што рече портпаролот на движењето, Никола Мемов, за носители на листите се кандидирани луѓе, кои се нови во политиката, стручни во областите во кои работат, чесни, луѓе со карактер и вистински вредности, но и луѓе што веќе имаат политичко искуство, со чист образ.
За носители на листите се утврдени следните кандидати:
– За носител на листата во ИЕ 6, Небојша Захариевски, претседател на ОО Движењето ЗНАМ – За наша Македонија – Тетово.
– За носител на листата во ИЕ 5, Весна Бендевска, поранешна пратеничка во Собранието на Република Македонија, поранешна претседателка и член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и потпретседателка на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.
– За носител на листата во ИЕ 4, Миле Цеков, претседател на Стопанската комора на југоисточна Македонија и претседател на ОО на Движењето ЗНАМ За наша Македонија – Струмица.
– За носител на листата во ИЕ 3, Павле Арсоски, генерал-мајор во пензија и потпретседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.
– За носител на листата во ИЕ2, Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово и претседател за ОО на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија – Куманово, и
– За носител на листата во ИЕ 1, Бобан Карапејовски, професор на катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и член на ИО на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.
Портпаролот Мемов истовремено информира дека в недела, во Скопје, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ќе одржи конвенција, на која ќе ги претстави носителите на листите за следните парламентарни избори во сите шест изборни единици.
На конвенцијта, како што рече Мемов, ќе се обрати и кандидатот за претседател на Македонија, Максим Димитиревски.
Тој додаде дека конвенцијата е од отворен карактер и упати покана до сите граѓани што имаат интерес да присуствуваат на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Силен земојтрес почувствуван во Македонија
Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија.
Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на 15 километри од Тетово, со магнутуда од 4,6 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри.
Засега нема информации за штети.

