Македонија
Движење Беса: Во нормална европска држава убиецот на Алмир ќе добиеше доживотна казна затвор
Судот сакајќи да воспостави „праведност“, по вторпат го уби малиот Алмир, давајќи му минимална казна на убиецот Бобан Илиќ и осудувајќи гo и семејствато на малиот Алмир, реагираат денеска преку соопштение од движењето Беса.
Оттаму наведуваат дека загриженоста што постојано ја демонстрирале поради преквалификацијата на предметот докажува дека судството во Македонија сé уште е селективно, непрофесионално и, за жал, како што велат, и ден денес одлуките ги заснова врз етничката припадност на странките.
„Ја потсетуваме јавноста кога младиот Насер Ештрефи го уби во самоодбрана неговиот врсник Македонец и и покрај фактот дека беше малолетник и требаше да се почитува тоа од страна на судот, повторно беше осуден на 14 години затвор, додека убиецот на Алмир, кого јавноста го гледаше и преку видеоснимки, доби олеснителна казна за нешто за што во нормални европски држави со развиена демократија и професионална правда ќе беше осуден на доживотен затвор“, се вели во соопштението на движењето Беса.
Оттаму бараат од јавниот обвинител во Македонија, Љубомир Јовески, од морални причини да поднесе оставка од функцијата, а од Републичкиот судски совет да преземе дејствие против судијата кој ја донел, како што велат, оваа скандалозна одлука.
„Со ова правосудство тешко дека може да очекуваме интегрирање во НАТО и во ЕУ. Владеењето на правото беше еден од нагласените сегменти во сите извештаи на ЕУ и НАТО и затоа владата треба сериозно да пристапи кон темелните реформи во континуитет за да не ни се повторуваат монтирани случаи и неправедни пресуди, како што е последниот случај со малиот Алмир“, стои во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

