Македонија
Дебата за локација на нов универзитетски клинички центар
Министерот за здравство, Венко Филипче, по одржаната дебата во Собранието на Република Македонија за можните локации за изградба на нов универзитетски клинички центар, ги повика денеска на средба општините и стручната јавност. Целта на собирот беше да се запознае стручната јавност дека, освен локацијата предвидена со Генералниот урбанистички план на Скопје за потребите за изградба на нов клинички универзитетски кампус во Бардовци, до Министерството за здравство пристигнаа иницијативи уште од две општини, Ѓорче Петров и Петровец, со алтернативни предлог-локации.
По добиените иницијативи, министерот Филипче ги повика градоначалниците Александар Наумовски и Борче Митевски да ги презентираат предлог-локациите пред присутнитните претставници од Комората на овластените инженери и архитекти, Асоцијацијата на архитектите, Катедрата за урбанистичко планирање при Аритектонскиот факултет во Скопје, проектната единица при Министерствотот за здравство, стручни лица и консултанти од сферата на урбанизмот, планирањето на просторот и архитектурата, како и пред кабинетот на претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев.
По извршените презентации од општините, се отвори дискусија на која се разговараше за сите важни аспекти за еден ваков капитален јавен здравствен објект, сообраќајната поврзаност со градското подрачје и другите делови од државата, инфраструктурните потреби на кампусот, економско-финансискиот аспект, заштитата на животната средина, потребата од стратешки документи, како и потребата од изработка на комапартивни анализи.
„За ваков голем проект од национален интерес како што е клинички центар, ја вклучуваме и опозицијата во дебата. Нема партиски, национални или други разлики за изградба на новиот клинички центар. Потребни се координација, интерактивно и усогласено функционирање“, вели министерот Филипче.
Локацијата за новиот универзитетски клинички центар треба да биде транспортно пристапна и лесно достапна на граѓаните, економски оправдана, пријателски настроена кон животната околина и по можност досега некористена за претходен урбан развој и на тој начин ќе претставува простор соодветен за здравствен развој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

