Македонија
Деветмина починати и 476 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.145 тестирања, а регистрирани се 476 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје – 208, Битола – 45, Велес – 29, Прилеп – 22, Куманово – 21, Кавадарци – 18, Охрид, Кочани и Гевгелија по 13, Штип – 11, Делчево – 8, Берово – 7, Струмица, Неготино и Радовиш по 6, Тетово, Свети Николе, Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар по 5, Ресен – 4, Гостивар, Кичево, Виница, Валандово и Крушево по 3, Пробиштип и Пехчево по 2, Струга и Македонска Каменица по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: по 2 од Скопје (76 и 77 години) и Куманово (65 и 73 години) и по едно починато лице од Велес (79), Кавадарци (68), Штип (88), Прилеп (70) и од Крива Паланка (40). Од пријавените лица, осум се починати во болнички услови, а едно во домашни услови.
Дополнително, во согласност со регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се 4 починати лица со датум на смрт од 4 до 14 ноември. Регистрирани се по едно починато лице од Скопје, Битола, Велес и од Кочани. Починатите лица се на возраст од 57 до 81 година, од кои 3 се починати во домашни и едно во болнички услови.
Во текот на изминатото деноноќие регистрирани сe и 279 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 137, Куманово – 28, Кавадарци – 26, Битола – 15, Прилеп – 13, Штип – 8, Велес – 7, Кочани – 6, Охрид и Крива Паланка по 5, Тетово и Кратово по 4, Гевгелија и Пробиштип по 3, Струмица, Свети Николе, Демир Хисар, Кичево и Богданци по 2 и по еден оздравен во Делчево, Неготино, Ресен, Македонска Каменица и Дојран.
Направените 3.145 теста се преку: ИЈЗ – 337, ЦЈЗ Скопје – 86, ЦЈЗ Битола – 79, ЦЈЗ Прилеп – 35, ЦЈЗ Тетово – 59, ЦЈЗ Куманово – 62, УК Пулмологија со алергологија – 1, Институт за микробиологија – 167, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 77, „Авицена“ – 113, „Биотек“ – 152, „Систина“ – 65, лабораторија „Лаор“ – 118, „Синлаб“ – 18, „Ремедика“ – 18, „Плодност“ – 54, „Генеа“ – 7, „Никоб лаб“ – 223, „ВФВ медикал“ – 43, „Ели медика“ – 24, „Ројал медика“ – 15, „Спектра-ММ“ – 12, „Рапид лаб“ – 7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.373.
Досега во земјата се направени вкупно 1.436.695 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 210.447, бројот на оздравени пациенти е 194.625, на починати е 7.367, а бројот на активни случаи изнесува 8.455.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 91.948, активни 3.846
Куманово 12.684, активни 315
Тетово 11.239, активни 197
Прилеп 9.918, активни 425
Битола 8.183, активни 659
Гостивар 8.048, активни 47
Велес 7.140, активни 370
Кавадарци 6.704, активни 335
Штип 6.442, активни 222
Охрид 6.310, активни 246
Струмица 5.987, активни 115
Кичево 4.193, активни 97
Струга 3.875, активни 56
Кочани 3.851, активни 236
Гевгелија 2.704, активни 150
Неготино 2.507, активни 91
Свети Николе 2.077, активни 76
Крива Паланка 1.821, активни 166
Радовиш 1.682, активни 85
Ресен 1.664, активни 93
Дебар 1.453, активни 3
Берово 1.336, активни 64
Делчево 1.295, активни 124
Виница 1.132, активни 48
Пробиштип 1.094, активни 54
Валандово 885, активни 29
Кратово 731, активни 76
Богданци 617, активни 29
Крушево 574, активни 27
Демир Хисар 567, активни 86
Македонски Брод 483, активни 4
Демир Капија 419, активни 10
Македонска Каменица 388, активни 55
Пехчево 338, активни 14
Дојран 158, активни 5
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ прашува кој дозволил да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони
„Кој во власта дозволил да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони, нелегално? Поминаа 15 дена и сè уште нема одговор за најголемиот нарко-скандал во регионот – како 5 тони дрога поминале преку македонската граница и кој ќе одговара“, велат од СДСМ.
Од партијата посочуваат дека, како што наведуваат, „сите молчат“ и ги прозиваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, како и функционерите Александар Николовски, Јохан Тарчуловски и Бојан Томовски.
Според СДСМ, соочени со, како што тврдат, сопствената одговорност, претставниците на власта започнале медиумска кампања и лицитирале со наводно запленети 100 тони марихуана, за која велат дека била нелегално произведена.
„Но, така заглавија уште подлабоко. Ако некој успеал нелегално да произведе 100 тони марихуана, тоа е уште една потврда дека вината е целосно кај Владата и институциите кои тоа го дозволиле, не го контролирале и не го спречиле“, наведуваат од партијата.
Оттаму додаваат дека за производство на 100 тони марихуана е потребна површина од над 30 хектари, што, според нив, е еднакво на повеќе од 40 фудбалски стадиони, и прашуваат кој дозволил толкава површина да се одгледува во државата и зошто не била направена ниту една теренска контрола.
СДСМ прашува и како безбедносните служби не забележале толкава количина дрога да се транспортира, складира и пакува, како и што правеле АНБ и АР. Во соопштението се поставува и прашањето како 5 тони дрога поминале преку граница, покрај системот „Сејф сити“, скенери, контроли, полиција и царина.
„Нема одговор на овие прашања затоа што одговорноста за нарко-скандалот е во врвот на власта. СДСМ нема да дозволи овој нарко-скандал да се заташка. Нема бегање од одговорноста. Сите ќе одговарате“, се наведува во соопштението.
Македонија
Средношколките во Охрид ќе се едуцираат како да се заштитат од сајбер напади
Камп за сајбер безбедност за средношколки се одржува во Охрид, како дел од проектот CybHER – Зајакнување на жените и девојките во сајбер безбедноста, кој го спроведува Британскиот совет во државите од Западен Балкан, со поддршка од Владата на Обединетото Кралство.
Пред учесниците на кампот денеска ќе се обрати државниот секретар во Министерството за образование и наука Елена Ивановска.
Македонија
УЈП потсетува за пресметка до 31 март 2026
УЈП потсетува дека крајниот рок за поднесување електронска пресметка за доход остварен во странство во 2025 година е 31 март 2026. Обврската се однесува на сите физички лица што примиле плата или друг вид доход од странство и важи без разлика дали данокот во странската држава е платен или не, а пресметката се поднесува преку системот е-Даночни услуги.
Клучната порака на Управата е практична: со пресметката мора да се достават и докази што ја потврдуваат висината, видот и периодот на доходот, како и евентуално платениот данок во странство. Тоа, во пракса, значи дека даночниот обврзник треба да може документарно да го „затвори кругот“ – од исплатата до даночниот третман. Дополнително, за примената на договорите за избегнување двојно оданочување, УЈП упатува дека постојат насоки и процедури што ја дефинираат документацијата и начинот на пресметка.
Зад административната формулација стои појасна порака: контролата не е „локална“ работа. УЈП наведува дека во 2025 година, во рамки на меѓународната соработка, поднела 203 барања до странски даночни органи за проверка на документација за граѓани што преку американски компании работеле во Авганистан и Ирак. Тоа е сигнал дека механизмите за размена на информации се активни и дека „ќе помине незабележано“ е сè послаб план.

