Македонија
Девет починати и 524 заболени од Ковид-19
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.126 тестирања, а регистрирани се 524 нови случаи на Ковид-19: Скопје –215, Битола – 44, Кавадарци – 27, Куманово и Крива Паланка – по 24, Прилеп, Велес и Кочани – по 21, Берово – 15, Делчево – 14, Тетово – 13, Гевгелија – 10, Неготино – 9, Кратово – 8, Штип и Демир Хисар – по 6, Охрид, Радовиш, Виница и Валандово – по 5, Кичево, Ресен и Богданци – по 4, Гостивар и Струга – по 3, Струмица и Пехчево – по 2, Свети Николе, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 565 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 245, Прилеп – 43, Битола – 34, Куманово – 32, Кавадараци – 28, Тетово – 26, Штип – 22, Велес – 19, Гевгелија – 16, Кочани – 15, Крива Паланка – 11, Струмица – 8, Гостивар и Пробиштип – по 7, Охрид, Кичево и Ресен – по 6, Дојран – 5, Берово, Делчево и Виница – по 4, Неготино, Струга и Свети Николе – по 3, Кратово и Радовиш – по 2, Валандово, Богданци, Пехчево и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 3 од Крива Паланка (67, 73 и 81), 2 од Скопје (71 и 77) и по едно починато лице од Битола (75), Кочани (78), Пробиштип (66) и од Тетово (67). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Дополнително, во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се 8 починати лица со датум на смрт од 24.10.2021 до 13.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Велес (2), Гевгелија (1), Крива Паланка (1), Кочани (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 66 до 94 години, од кои 5 лица се починати во домашни услови, а 3 во болнички услови.
Направени се 3.126 теста преку: ИЈЗ – 335, ЦЈЗ Скопје – 61, ЦЈЗ Битола – 60, ЦЈЗ Прилеп – 31, ЦЈЗ Тетово – 42, ЦЈЗ Куманово – 60, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 21, УК Пулмологија со алергологија – 3, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија–14, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 62, „Авицена“ – 112, „Биотек“ – 228, „Систина“ – 92, лабораторија „Лаор“ – 101, „Синлаб“ – 18, „Ремедика“ – 26, „Плодност“ – 48, „Генеа“ – 1, „Никоб лаб“ – 277, „ВФВ медикал“ – 31, „Ели медика“ – 27, „Ројал медика“ – 3, „Спектра-ММ“ – 8, „Рапид лаб“ – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.461.
Досега во земјата се направени вкупно 1.433.550 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209.971, бројот на оздравени пациенти е 194.346, на починати е 7.354, а бројот на активни случаи изнесува 8.271.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 91.737, активни 3.775
Куманово 12.662, активни 323
Тетово 11.234, активни 196
Прилеп 9.898, активни 419
Битола 8.138, активни 630
Гостивар 8.045, активни 44
Велес 7.111, активни 350
Кавадарци 6.686, активни 344
Штип 6.431, активни 220
Охрид 6.296, активни 237
Струмица 5.981, активни 111
Кичево 4.190, активни 96
Струга 3.876, активни 57
Кочани 3.838, активни 230
Гевгелија 2.693, активни 142
Неготино 2.501, активни 86
Свети Николе 2.072, активни 73
Крива Паланка 1.816, активни 167
Радовиш 1.676, активни 79
Ресен 1.660, активни 90
Дебар 1.453, активни 3
Берово 1.329, активни 57
Делчево 1.287, активни 117
Виница 1.129, активни 45
Пробиштип 1.092, активни 55
Валандово 882, активни 26
Кратово 727, активни 76
Богданци 616, активни 30
Крушево 571, активни 24
Демир Хисар 562, активни 83
Македонски Брод 483, активни 4
Демир Капија 419, активни 10
Македонска Каменица 387, активни 55
Пехчево 336, активни 12
Дојран 157, активни 5
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

