Македонија
Девет починати и 98 новозаболени, меѓу починатите и две млади лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 50, Куманово – 6, Штип – 4, Прилеп – 5, Тетово – 7, Струга – 3, Велес – 1, Битола – 4, Охрид – 2, Гостивар – 1, Струмица – 9, Крива Паланка – 1, Кочани – 1, Берово – 1, Делчево – 2, Кичево – 1.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 46, Штип – 6, Прилеп – 8, Тетово – 9, Велес – 1, Охрид – 3, Гевгелија – 1, Струмица – 2, Крива Паланка – 2, Кочани – 2, Македонски Брод – 5, Пехчево – 4, Берово – 4, Виница – 2, Делчево – 6, Свети Николе – 1, Кичево – 2.
Починати се 9 лица, од Крива Паланка (52), двајца од Гостивар (60 и 62), од Куманово (60), од Велес (70), двајца од Скопје (71 и 23), двајца од Струмица (29 и 44). Oд нив, 8 се починати во болнички услови, една пациентка од Струмица при транспорт кон Скопје.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.925, бројката на оздравени пациенти е 13.418, на починати е 661, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.846. Според завршените епидемиолошки анализи во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6.373, активни 540
• Куманово 1.611, активни 195
• Дебар 268, активни 35
• Штип 1.209, активни 70
• Прилеп 567, активни 130
• Тетово 1.312, активни 116
• Струга 630, активни 66
• Велес 289, активни 17
• Битола 249, активни 51
• Охрид 396, активни 56
• Кавадарци 202, активни 30
• Гостивар 857, активни 92
• Гевгелија 89, активни 53 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 112, активни 49
• Крива Паланка 84, активни 36
• Радовиш 52, активни 9
• Крушево 18, активни 2
• Кочани 191, активни 53
• Пробиштип 97, активни 20
• Демир Хисар 60, активен 1
• Македонски Брод 84, активни 7
• Пехчево 42, активни 23
• Берово 74, активни 27
• Валандово 11, активни 3
• Виница 94, активни 27
• Делчево 128, активни 77 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 5
• Свети Николе 309, активни 18
• Кичево 291, активни 28
• Ресен 153, активни 6
• Неготино 49, активни 4 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.404 теста се преку: ИЈЗ – 229, ЦЈЗ Скопје – 28, „Авицена“ – 253, „Биотек“ – 239, МАНУ – 163, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 176, „Систина“ со PCR-метода – 179, лабораторија „Лаор“ – 49, Судска медицина – 16, ЦЈЗ Битола – 39, Инфективна клиника – 3, ГАК – 15, „Синлаб“ – 15, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 167.760 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 5 мајки позитивни на Ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 16, а во болницата во Штип – 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 149 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи во општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 50
• Гази Баба – 74
• Аеродром – 86
• Карпош – 74
• Центар – 72
• Кисела Вода – 54
• Ѓорче Петров – 26
• Бутел – 35
• Шуто Оризари – 13
• Студеничани – 9
• Сарај – 15
• Арачиново – 9
• Илинден – 8
• Сопиште – 2
• Чучер Сандево – 2
• Петровец – 4
• Зелениково – 1
• Странец – 3
• Нераспределен – 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Костовски и Бајовски со ново, заедничко, ветување: Канализација ќе добијат сите улици во Бел Камен и Кучевишка Бара кои досега беа изоставени
Градоначалниците на Бутел и на Чучер-Сандево, Дарко Костовски и Зоран Бајовски со заеднички проект ќе го решаваат проблемот со канализација во Кучевишка Бара и Бел Камен. Населбите се една до друга, но припаѓаат на две различни општини и со децении градоначалниците ветуваат дека ќе им изградат фекална канализација, но досега ниту еден не го реализираше ветувањето.

Во работнта група се вклучени експерти, технички служби и претставници на граѓаните
Градоначалникот на Чучер-Сандево попладнево на социјалните мрежи се пофали дека првпат двете соседни општини пристапуваат заеднички и координирано за решавање на овој долгорочен проблем, со јасни рокови и распределба на обврски.
„Денеска заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, ја формиравме оперативната работна група за решавање на заедничките проблеми на жителите од Чучер Сандево и Бутел. Главна задача на групата е финализирање и доработка на основниот проект за фекална канализација, со цел проектот да ги опфати сите улици кои досега беа изоставени. Со зголемување на опфатот ќе бидат вклучени и улиците како Бутелска 27, 29, 31, 33 и 35, како и други критични точки кои бараат итна интервенција“, објави градоначалникот Бајовски.
Во работнта група се вклучени експерти, технички служби и претставници на граѓаните за да се обезбеди транспарентен процес и квалитетна техничка документација.

Главна задача на работната група е доработка на проектот со цел да ги опфати сите улици кои досега беа изоставени
„Нашата цел е да обезбедиме трајно и одржливо решение за управување со отпадните води, што ќе го подобри здравјето и квалитетот на живот во двете општини“, вели градоначалникот Бајовски.
Револтирани што на терен нема никакви активности и оти градоначалникот Бајовски фекалната канализација во Бел Камен не ја ставил на листата со приоритети, како што им вети пред изборите, претставници на жителите од двете населби пред два месеца го потсетија на ветувањето и му кажаа дека доколку не почне да работи за решавање на нивниот проблем, подготвени се да протестираат.
Градоначалникот Бајовски, за „Макфакс“ на крајот на ноември изјави дека, за да почне да го решава проблемот, прво ќе направи ребаланс на буџетот, а потоа ќе работи на нов проект кој ќе ги опати и улиците каде што никогаш не е изградена фекална канализација.
Македонија
Блокиран сообраќајот на патниот правец Ресен-Битола
Во 16:10 часот блокиран е сообраќајот на патниот правец А-3 Ресен-Битола кај месноста викана Ромската населба Битола, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сиљановска-Давкова на средба со швајцарскиот претседател Пармелан во Дубаи
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелан.
„На средбата беше реафирмирано високото ниво на партнерство меѓу двете држави, што се основа на пријателство, заемна доверба и почит. Претседателката изрази уверување за натамошно продлабочување на политичкиот дијалог на највисоко ниво. Во таа насока, претседателката упати покана за официјална посета на претседателот Пармелан“, соопштија од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.
Таа се заблагодарила за проектната помош во различни области, со што Швајцарија е меѓу најголемите билатерални донатори во нашата држава.
Посочила на важноста на поддршката што Швајцарија ја дава за стратешките определби на нашата држава, што според неа ја демонстрира швајцарската посветеност за стабилност, развој и европска иднина на нашиот регион.
Соговорниците го споделиле мислењето за важноста на бројната македонска заедница во Швајцарија како важна нишка во развојот на односите меѓу двете држави.
Претседателката повикала на натамошно интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена, вклучително и зголемување на швајцарските директни инвестиции.
Сиљановска-Давкова изразила сочувство за трагедијата во ноќниот клуб во Кран Монтана на новогодишната ноќ и загубата на човечки животи, како ужасен потсетник на трагедијата во Кочани, што остави трајни рани во македонското општество.
Двајцата претседатели размениле мислења и за актуелните случувања на глобален план.

