Македонија
Девојче од Кочани понижувано и омаловажувано од наставничка бидејќи носело шамија, тврди граѓанското здружение „Аваја“
Веќе неколку дена во ООУ „Малина Попиванова“ во Кочани понижувано и омаловажувано е девојче од страна на наставничката бидејќи носело шамија, тврди граѓанското движење „Аваја“, кое добило информација од родител.
„Наставничката веќе неколку дена пред соучениците го понижувало девојчето со зборовите ‘ти не си стара жена да носиш шамија’ и побарала да ја извади шамијата. По реакција на девојчето, родителот загрижен успеал да стигне да разговара со психологот и со педагогот во училиштето, каде што му биле упатени закани дека на девојчето дека нема да му биде дозволено да продолжи да посетува настава доколку не ја извади шамијата. Родителот укажал дека тоа не е спротивно на ниеден закон и побарал официјално да му биде укажано за причините поради кои не може неговото дете да посетува настава со шамија. Кога не добил одговор, таткото бил турнат од страна на психологот и бил отстранет од училиштето.
„Аваја“ најостро го осудува овој случај на дискриминација по верска и етничка основа и бара да се испита целиот случај од страна на Министерството за образование и наука, Државниот просветен инспекторат и Општина Кочани и да се преземат соодветни чекори за решавање и санкционирање на лицата вклучени во омаловажување и малтретирање на ромското девојче. „Аваја“ ќе достави претставка до народниот правобранител и ќе го пријави овој случај до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Целиот овој настан се случува во најсветиот месец за муслиманите – рамазан.
Слободата на религијата е загарантирана со Уставот и законите, а дискриминацијата врз основа на религија е забранета и оттука произлегува дека институциите мора да ги почитуваат законите и да ги почитуваат начелата на религиска толеранција. Загрижува фактот што ова доаѓа од просветни работници, кои имаат благородна и хумана професија преку која ги образоваат и воспитуваат идните генерации на почит на различностите, кои се богатство на нашата земја“, велат од граѓанското движење „Аваја“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Шуто Оризари, Сарај и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 10.30 часот дел од корисниците од ул. Брсјачка Буна, Демирхисарска и Пелагонија (општина Шуто Оризари)
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците во с,Кондово кај пумпата за водовод (општина Сарај)
· во периодот од 10.00 до 13.00 часот дел од корисниците од ул.Михаил и Ефтихиј и ул.Георги Димитров (општина Кисела Вода)
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните и јужните делови (над 25 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Денеска во попладневните часови и во четврток врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат.
Македонија
Министерот Муцунски домаќин на министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера во Скопје го пречека министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул, кој во рамки на својата работна турнеја на Западен Балкан ја оствари првата официјална посета на Република Северна Македонија.

На средбата министерот Муцунски изрази задоволство од посетата, потенцирајќи дека таа уште еднаш ја потврдува важноста што Германија ѝ ја придава на регионот на Западен Балкан, а особено на нашата држава. Посетата претставува јасна потврда за силната германска поддршка на европската перспектива на регионот.

Двајцата министри го поздравија интензивниот политички дијалог на високо ниво што двете земји го развиваат повеќе од три децении. Се согласија дека сеопфатната билатерална соработка во сите сектори претставува цврста основа за понатамошно интензивирање на дијалогот и развивање нови форми на партнерство.

Министерот Муцунски се заблагодари за континуираната и недвосмислена германска поддршка на евроинтегративниот процес на нашата земја. Тој го информираше министерот Вадефул за актуелните активности поврзани со европската агенда, реформските процеси, регионалната соработка и добрососедските односи, при што ја потврди силната посветеност на Владата кон спроведување на реформите и напредокот на патот кон членство во Европската унија.

Министерот Вадефул увери дека Германија останува силен поддржувач на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската унија, вклучително и на нашата држава. Тој нагласи дека целосната европска интеграција на регионот претставува најсилен гарант за долгорочна стабилност, мир и просперитет во Европа.

