Македонија
Дедомразовци традиционално ќе трчаат во Скопје

В недела, 23 декември, во Скопје ќе се одржи традиционалната Дедомразовска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костими ќе трчаат во центарот на главниот град.
Трката, покрај натпреварувачки, има и забавен карактер, па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само 2 километра и може да ја истрчаат и деца во придружба на родители. Пријавувањето се одвива преку веб-страницата www.prvdovrv.mk.
Стартот и финишот на трката се на плоштадот Македонија, а ќе се трча кон портата „Македонија“, Паркот на жената борец, „Холидеји ин“, мостот кај МНР, покрај Вардар кон Камениот мост и преку преку мостот до целта.
Учеството во трката чини 300 денари, а за првите 300 следува целосен дедомразовски костим – палто, панталони, капа, ремен и брада.
За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби, без оглед на резултатот и освоеното место. Пред и по трката се предвидени музичка програма, загревање со фитнес-инструктор и церемонија на прогласување на победниците.
Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 9 до 11 часот на денот на трката. Трката ја организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“, со поддршка на „Кока-Кола“и Град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп

Сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп од ноќеска, во 01:20 часот е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно од АМСМ информираа дека поради товарно моторно возило сообраќајот беше попречен и се одвиваше по стариот пат низ село Росоман.
Македонија
Сообраќајот на патот Градско – Прилеп во прекин

Поради случена сообраќајна незгода, патот Градско – Прилеп е во целосен прекин, информира АМСМ.
„Поради товарно моторно возило сообраќајот е попречен на експресниот пат Градско према Прилеп (односно према село Дреново), сообраќајот е во целосен прекин и се одвива по стариот пат низ село Росоман“, велат од АМСМ.
Македонија
Почнува реновирањето на Клиниката за гинекологија

Премиерот, Христијан Мицкоски, утре ќе присуствува на почеток на комплетно реновирање и реконструкција на амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клинички центар „Мајка Тереза“ ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство во Скопје.
Од Владата информираат дека реконструкцијата е во износ од 29.000.000 денари со што, како што пишува во соопштението, ќе се создадат услови за поефикасна дијагностика и лекување на пациентите.