Македонија
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ се сретна со амбасадорите на Северноатлантскиот совет
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и пратениците Никола Мицевски и Благица Ласовска вчера остварија средба со амбасадорите од Северноатлантскиот совет.На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, како и за евроатлатските позиции на Република Македонија.
Од страна на Мисајловски беше истакнато дека врвен стратешки приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е интеграцијата на земјава во НАТО, но како што рече тој изминативе две години државата се наоѓа во многу лоша состојба поради крајно неодговорното управување од страна на актуелната власт на СДСМ и Заев.
,,Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, нашиот приоритет е патот кон евроатлатската интеграција на Република Македонија, но ние моментално имаме влада која што најмалку придонесува за евроатлатските интегративни процеси на Република Македонија. Со криминал, корупција, катастрофална економија, руинирано здравство и образование, непотизам не може да имаме едно здраво општество, ниту пак демократска држава која ќе чекори кон вистинскиот пат, а тоа е ЕУ и НАТО, вели Мисајловски. Беше констатирано дека државата не оди напред, туку напротив стагнира.
Од страна на пратениците Мицевски и Ласовска беше кажано дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите законски решенија кои ќе бидат од значење како за граѓаните, така и за иднината на Република Македонија.На крај беше разменето мислење за унапредување и зајакнување на меѓусебната соработка се со цел побрза интеграција на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, се вели во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

