Македонија
Делегација од Бардовци на средба со Пендаровски, не сакаат прифатен центар за странци во нивната населба

Делегација што ги претставува жителите на населбата Бардовци денеска оствари средба со претседателот на државата, Стево Пендаровски.
„Ние бардовчани сме револтирани од изградбата на прифатен центар за странци веднаш до нашите домови. Веќе втор месец протестираме пред институциите, пред Владата, или блокираме крстосници за да го кренеме својот глас и да порачаме дека мора да се сопре со изградбата и да се дислоцира Прифатниот центар за странци од Бардовци“, посочила тричлената делегација на средбата.
Претставниците исто така истакнале дека ова е прва официјална средба на висок македонски политичар со нив во однос на спорното прашање.
„До сега од локалната и извршната власт не беа подготвени да слушнат за нашиот проблем. Ставени сме пред ѕид на молк и на неисполнување на барањата на цела една населба, во која живеат и многу амбасадори. Иако до сега се испратени официјални писма, барања за средба до премиерот, министерот за внатрешни работи, како директен корисник на објектот, до сите пратеници во Собранието, како и до сè уште актуелниот градоначалник на општина Карпош и до сите советници во Општината“, се пожалиле тие.
На средбата со Пендаровски била презентирана актуелната состојба во однос на проблемот, односно дека се собрани повеќе од 1.700 потписи на граѓаните што се против изградбата на овој центар.
„Европската Унија финансиски ја поддржува изградбата на објектот со 1,5 милион евра. Договорен орган е Делегацијата на Европската Унија, a корисник е македонското Министерството за внатрешни работи. Господинот Пендаровски внимателно нè сослуша и ги разгледа аргументите што ги поседуваме. Беше договорено дека дополнително ќе го разгледа случајот и дека ќе реагира во рамките на можностите“, велат од делегацијата по одржаниот состанок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за да не се дозволи на огнот да тргне кон блиската трева, грмушки и шума од горната страна на депонијата., информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Како што додаде, постојат сомненија дека пожарот бил предизвикан намерно.
„Ќе потсетам само дека летово имавме рекордно високи температури но Дрисла не се самозапали“, рече Ангелов.
Противпожарните возила и дополнителните цистерни од „Комунална хигиена“ интервенираат на терен, а пожарот сè уште не е целосно локализиран.
Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски посочи дека станува збор за посериозен пожар од поголеми размери, при што постоела опасност огнот да се прошири.
Македонија
Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во рамки на еднодневната работна посета оствари повеќе средби со високи француски политички претставници, на кои во фокусот на разговорите беа реформската агенда и предлог Резолуцијата на СДСМ, како гаранција за заштита на националните интереси и решение за деблокирање на преговите со ЕУ.
Филипче одржа работна средба со пратеничката и потпретседателка на групата за пријателство Франција – Северна Македонија во француското Собрание, Лилиана Танги, со шефот на Канцеларијата за соседство, проширување и одбрана при Генералниот секретаријат за европски прашања, Жозеф Жустиниани, како и со директорот за Континентална Европа при Министерството за Европа и надворешни работи, Брис Рокфеј и со специјалниот претставник за Балканот, Рене Троказ.
На состаноците беше истакната поддршката од Франција во процесот на евроинтеграција, но и потребата од брзи резултати во исполнување на обврските и работа на реформите.
Филипче ги презентираше позициите на СДСМ и истакна дека партијата има проактивен пристап и работи на решенија за деблокирање на евроинтеграцискиот процес. Тој нагласи дека во завршна фаза е подготовката на Резолуцијата, со која ќе се потврдат националните црвени линии – македонскиот јазик, култура и идентитет, како и механизми за справување со евентуални непринципиелни барања што излегуваат надвор од Преговарачката рамка.
Во разговорите беше потенцирано дека во Европската Унија постои јасен консензус за проширувањето, и дека тоа е можност која Македонија мора да ја искористи. Француските претставници пренесоа очекувања дека нашата земја треба да направи напредок во евроинтеграцискиот процес, како што тоа веќе го прават државите од регионот, особено Албанија и Црна Гора.
Македонија
Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен, а скопската противпожарна бригада работи на негово гаснење.
Сепак, како што објаснува Ангелов, гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови.
(Фото: илустрација, архива)