Контакт

Македонија

Делови од Карпош и Кисела Вода без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош и Кисела Вода.

dobivaj vesti na viber

− во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од објектите со парни броеви од бр.2 до бр.14, на улицата Козле во општина Карпош.

− во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците Герника 2 и Герника 4, село Драчево од ТС село Драчево 8 во општина Кисела Вода.

Македонија

Муцунски – Баумгартнер: Неопходност од забрзување на нашиот евроинтегративен процес

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, имаше средба со амбасадорот на Француската Република, Сирил Баумгартнер.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше истакнато заемното задоволство од развојот на одличните билатерални односи, кои двете пријателски земји во континуитет ги негуваат, со фокус на идното продлабочување на економската соработка и привлекување поголеми француски инвестиции во нашата земја.

Муцунски го запозна Амбасадорот со приоритетите во работењето на новата Влада, посветеноста кон исполнување на реформската Агенда,со акцент на реформите за забрзување на евроинтегративните процеси на земјата.

При тоа, Муцунски се заблагодари на досегашната силна поддршка на Франција за нашите аспирации за членство во ЕУ,  истакнувајќи ја неопходноста од забрзување на нашиот евроинтегративен процес, што е во насока на консолидирање на економската, политичката и безбедносната стабилност на земјава, но и на Регионот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Ова е втора инвестиција за неполни две недели во вредност од 20 милиони евра и 110 нови работни места

Објавено пред

Христијан Мицкоски најави  германско-белгиска инвестиција која ќе отвори над 100 работни места.

dobivaj vesti na viber

За нас претставува посебна чест и задоволство што можеме еве после нецели би рекол две недели да посакаме добредојде на уште една инвестиција која е околу 20 милиони евра, за почеток имаме нови 110 работни места. Ќе имаме развојно истражувачки центар, алерти центар нешто кое што до сега недостасува или многу малку го има, рече премиерот Христијан Мицкоски и додаде:

„И она кое што за нас е значајно што тука не застанува оваа инвестиција, туку ќе продолжи и понатаму да се развива односно да се зголемува и бројот на вработени и бројот на извоз но исто така и самата инвестиција којашто очекуваме најмалку да биде двојно зголемена во годините коишто следат“, посочи Мицкоски.

Како што вели Мицкоски, самата компанија е лидер на пазарот во Германија

„Очекуваме голем дел од компаниите коишто инвеститорот ги снабдува со своите производи да го следат примерот на инвеститорот и исто како што Eпсотех дојде овде, да дојдат и тие да инвестираат. Нешто кое што ќе значи додадена вредност за нашата економија и нешто кое што ќе донесе повеќе средства во буџетот, повеќе средства за капитални проекти со фокус кон граѓаните. Нашата цел е со дела да ја сакаме Македонија“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мисајловски се сретна со амбасадорката на Украина: Нашата безрезервна поддршка за Украина уште еднаш ќе ја потврдиме на самитот на НАТО

Објавено пред

Нашата безрезервна поддршка за Украина и украинските граѓани уште еднаш ќе ја потврдиме на Самитот на НАТО. Целосна поддршка за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и украинскиот народ, порача министерот Владо Мисајловски на денешната средба со амбасадорката на Украина, Н.Е. Лариса Дир и одбранбеното аташе, полковникот Серхии Кацуба во Министерството за одбрана.

dobivaj vesti na viber

„Покрај политичката поддршка која безрезервно ја имате, ќе вложиме дополнителни напори да помогнеме во вашата борба. Оваа војна мора да запре веднаш и на дипломатски начин да се реши“, истакна министерот Мисајловски.

На средбата министерот Мисајловски потенцира дека ќе се заложи за интензивирање на соработката помеѓу двете министерства за одбрана, зајакнување на комуникацијата, а успешната соработката со амбасадата на Украина ќе продолжи да се одвива по нагорна линија.

Амбасадорката Лариса Дир упати благодарност до министерот Мисајловски, Армијата и граѓаните за сета досегашна помош и поддршка која нашата земја и ја даде на Украина и украинскиот народ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија57 минути

Таравари ќе бара мораториум за одредени специјализации за да се стимулираат онколози и патолози за кои има недостиг

Новиот министер за здравство, Арбен Таравари, заедно со директорот на Клиниката за онкологија, Игор Стојковски, и вработените ќе подготват специјален...

Македонија2 часа

В година со уште позаострени мерки против препишување, 3,25 била просечната оценка на државната матура

Просечната оценка што ја постигнаа средношколците на државната матура годинава е 3,25. Во споредба со минатите години постои намалување (3,65...

Македонија3 часа

(Видео) Лефков: Филипче, брат по криминал на Заев, доаѓа за претседател на СДС со цел и двајцата да го притискаат Обвинителството да не отвора постапки против нив

Венко Филипче е брат по криминал и корупција на Зоран Заев. Тој заедно со Заев бркаа дебели провизии за кинеските...

Македонија4 часа

Мицкоски најави нова инвестиција со која ќе бидат вработени над 110 граѓани

Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалната мрежа „Фејсбук“ најави германско-белгиска инвестиција Станува збор за германската компанија ЕПСОТЕХ која во партнерство со...

Свет5 часа

(Видео) Евакуиран дел од најголемиот аеродром во Европа: полицијата и кучиња трагачи на местото на настанот

Вториот терминал на аеродромот „Хитроу“ во Лондон е евакуиран поради сомнителен пакет, јавуваат медиумите. Police dogs are here 🙃 pic.twitter.com/4ZgrkGzPpR...

Свет5 часа

Би-си-си: Се очекува Сунак формално да ја поднесе својата оставка до кралот Чарлс во наредните часови

Се очекува британскиот премиер Риши Сунак, чија конзервативна партија по 14 години власт на вчерашните избори претрпе пораз од лабуристите,...

Македонија5 часа

Изгаснати девет пожари на отворено, во Гевгелија пронајдени неексплодирани гранати, соопшти ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1. 975 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Свет5 часа

Поранешниот американски државен секретар Кери: Украина не може да победи

Украина нема да може да го добие конфликтот со Русија, страните ќе мора да го решат дипломатски, изјави поранешниот американски...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче се браќа по криминал и корупција, заедно правеа матни тендери додека луѓе страдаа и умираа

Заев и Филипче беа рака под рака заедно кога Македонија ја тресеа најтешките коруптивни скандали и трагедии. Од крвавиот тендер,...

Свет6 часа

Туск за можната посета на Орбан на Москва: Виктор, шпекулациите не може да бидат точни или може

Полскиот премиер Доналд Туск го изрази своето изненадување во објава на социјалната мрежа Х по информацијата дека унгарскиот премиер Виктор...

Свет6 часа

(Видео) Италијанците го кренаа највисокото ниво на тревога по излевањето на лавата од вулканот

Вулканската активност на јужниот италијански остров Стромболи ги натера властите да го подигнат нивото на тревогата од портокалово на црвено,...

Спорт17 часа

(Фото) Известувачот на Макфакс го сними оперираното колено на Новак Ѓоковиќ

На прес конференција по натпреварот против Британецот Џакоб Ферли, Новак Ѓоковиќ за прв пат на Вимблдонскиот турнир се појави без...

Култура23 часа

Љутков: Целата постапка на преземањето на Универзалната сала е проблематична, нарачавме ревизија

Целата постапка на преземањето на Универзалната сала на Министерството за култура од Град Скопје е многу проблематична, изјави министерот за...

Македонија1 ден

Главчев: Нема промена во позицијата на Бугарија кон Северна Македонија, бараме почитување на договорите

Позицијата на Бугарија во однос на Република Северна Македонија е непроменета – нашата земја сака да се почитуваат потпишаните договори....

Економија1 ден

За 450 евра минимална плата ќе се разговара на првата седница на економско-социјалниот совет, најави министерот Дурмиши

Барањето на синдикалците минималната плата да биде 450 евра новиот министер за економија и труд, Бесар Дурмиши, најави дека ќе...

Македонија1 ден

Mицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи, ако имаат подобра идеја за Судскиот совет, нека ја кажат

Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата. Еве, ако знаат подобро решение, нека дојдат и нека...

Култура1 ден

Фестивалот „Браќа Манаки“ ги има поднесено сите извештаи уредно и редовно во Агенцијата за филм, тврди директорот Дамевски

Извештајот на работната група, кој ја критикува работата на Агенцијата за филм и Друштвото на филмските работници (ДФРМ), е нарачан...

Македонија1 ден

120.000 Македонци имаат бугарско државјанство, со документирано бугарско потекло, тврди Радев

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, на работна средба со грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, во Атина разговарале за итно интензивирање на...

Македонија1 ден

Герапетритис со порака до Скопје и Тирана: Дејствата со иредентистички тенденции не помагаат на патот кон европското семејство

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, ги нападна Скопје и Тирана во средата за време на состанокот со австрискиот...

Свет1 ден

Русија тврди дека уништила украински „миг-29“ на аеродромот „Долгинцево“

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека на аеродромот Долгинцево во областа Дњепропетровск е уништен украински борбен авион МиГ-29....