Македонија
Делови од Студеничани и Чаир ќе останат без струја

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, како што информираат од „ЕВН Македонија“ АД, без електрична енергија денеска ќе останат делови од општините Студеничани и Чаир.
Во соопштението од „ЕВН Македонија“ информираат дека во периодот од 9 до 12 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од село Студеничани во општина Студеничани.
Во период од 9 до 13 часот без струја ќе бидат и корисниците од зградата бр. 9 на улицата Методија Митевски во општина Чаир, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевска: Со овие пратенички прашања ќе делуваме просветителски до опозицијата која се претвори во центар за дезинформации и манипулации

Од она што успеавме да го видиме изминатиот период особено од страна на опозицијата, ќе се обидам со овие пратенички прашања да делуваме просветителски заради тоа што имаме чувство дека талкаат, но и се претворија во центар на дезинформации и манипулации, вели пратеничката од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска, на денешната собраниска седница наменета за поставување пратенички прашања.
Според неа, опозицијата сакала да го признае тоа или не бидејќи очигледно нема храброст, факт е дека во изминатиот период премиерот Христијан Мицкоски имаше интензивна дипломатска агенда на највисоко политичко ниво.
„Во изминатиот месец, впрочем само и пред неколку дена пристигнавте од САД и вие присуствувавте на би рекла, највлијателните настани токму во овој месец. Присуствувавте на Минхенската безбедносна конференција, којашто ако треба да го објасниме на оние коишто немаат доблест да го поздрават вашето обраќање таму, е дека е на рангот од прилика како Самит на НАТО или пак како Генерално собрание на Обединетите нации, ги собира највлијателните политички лидери во Германија и се говори за безбедносната и одбранбена политика“, презира Петрушевска.
Петрушевска појаснува дека премиерот, понатаму продолжи со уште поинтензивна агенда преку која гласот на народот поточно приказната за Македонија беше слушната токму во САД каде тој се обрати на највлијателната Конференција за политичко дејствување во САД на конзервативците. Притоа истата ги собира политичките лидери и чинители не само од САД, туку и светските и европските лидери.
„Во една таква политичка елита и креатори, вие имавте обраќање подеднакво на истата сцена заедно со претседателот, а тоа е господинот Доналд Трамп. Во таа насока чинам дека е исклучително важно, како што почнав просветителски да делуваме за оние коишто до денес не собраа храброст да ја поздрават оваа агенда каде што говоревте во името на државата, говоревте во името на народот. Замислите токму оние коишто во изминатите седум години гостувањата или работните посети во САД или во Европа ги разбираа од рангот на „work and travel“ или пак надворешната политика ја разбираа како „all in“ не оставија обезличени и поразени, со прилично големи штети по државата, но и надворешната безбедносна политика“, заклучува Петрушевска.
Македонија
Лимани: Имплементацијата на ЕУ-младинскиот дијалог во државата е враќање на довербата на младите во институциите

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска присуствуваше на настан во организација на Националниот младински совет на Македонија , на кој се дискутираше за значењето на имплементацијата на ЕУ младинскиот дијалог во Македонија.
Обраќајќи се пред присутните млади, Лимани ја истакна важноста од вклучувањето на младите во сите сфери на општественото живеење.
„Колку сите ние сме посвесни за важноста на вклученоста на младите во сите сфери на општественото живеење, толку поуспешни ќе ни бидат процесите во државата. И наместо за проблеми, ќе зборуваме за успеси. За напредокот во образованието, здравството, инфраструктурата, детската и социјалната заштита, ќе зборуваме за вработувања, за успеси во културата и спортот итн. Затоа, а и за уште многу причини, потребни ни се младите. Потребни сте ни Вие“, порача Лимани.
Осврнувајќи се на денешната тема за важноста и потребата од имплементација на ЕУ младинскиот дијалог во Република Северна Македонија, тој го посочи Законот за младинско учество и младински политики кој е првото легислативно решение кое ги регулира формите на младинско организирање и учество во процесите на креирање политики. Но, иако законот не го спомнува изрично ЕУ дијалогот за млади, тој дава насоки за поттикнување на структурен дијалог на национално и локално ниво.
„Сметам дека имплементацијата на ЕУ младинскиот дијалог во нашата држава би претставувал враќање на довербата на младите во институциите, на подигање на свеста на значењето на вклученоста на младите на национално и локално ниво, враќање на надежта на младите дека тие се носителите на промените, дека се слушнати и дека им е дадена шанса активно да учествуваат во градењето на својата држава,“ рече Лимани.
Тој повика на заедничка акција во креирањето на цврсто партнерство помеѓу институциите, граѓанскиот сектор, Националниот младински совет на Македонија, како најголемо претставничко тело на младите и сите млади.
Македонија
(Видео) СДСМ: Власта лиферува имиња во јавноста за етикетирање и предвремена јавна осуда

Секогаш кога власта ќе направи некаква глупост или нејзините погрешни политики ќе доживеат дебакл, како што деновиве се случи на меѓународен план со Резолуциите во ОН и со падот на економијата, гледаме како се поднесуваат кривични пријави и се лиферуваат имиња во јавноста за предвремена јавна осуда и политичко етикетирање, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Како што истакна, правење јавен линч само со поднесување кривични пријави кои допрва треба да видиме дали се основани фрлаат дамка на сите овие процеси за кои СДСМ отворено се сомнева.
Од друга страна, за огромен број скандали поврзани со високи владини функционери не се презема ништо, власта ги штити по секоја цена, смета опозициската партија.
„Последен е скандалот со злоупотребите на вицепремиерот Меџити, со партиските листи за масовните вработувања во јавната администрација, но и куп други скандали, за бегството на Груби, за бегството на Рамадани, за сертификатот на директорот на АНБ, за инцидентот на скопаскиот аеодром, на границата со Косово, за скандалот со генералниот секретар на Владата кој добил на поклон 350 илјади евра, за фирмите на Божиновска“, рече Кузеска.
Додаде дека сите овие аргументи покажуваат дека ова што го прави власта не е борба против криминалот и корупцијата како што се претставува туку алатка за етикетирање, предвремена јавна осуда и политички прогон.