Македонија
Демир Хисар и Крушево добија сопствени регистарски ознаки на возилата

Министерството за внатрешни работи излезе во пресрет на граѓаните на општина Демир Хисар и општина Крушево и го одобри барањето за добивање на сопствени регистарски ознаки на возилата.
Донесена е одлука за изменување на правилникот за регистрационите подрачја за возилата и нивни ознаки кој е објавен во Сл. весник на Република Северна Македонија бр. 116 од 07.06.2019 година и стапува во сила осмиот ден од денот на објавувањето.
За регистарското подрачје Демир Хисар ознаката на регистарските таблици е DH, а за регистарското подрачје Крушево ознаката на регистарските таблици е KS.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Филипче: Се е претворено во шоу, власта не ја води државата туку ја режира

Во изминатава година и пол гледаме власт која не ја разбира својата должност, власт која е целосно отуѓена од потребите на луѓето, која ја третира државата како сопствена компанија, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во општина Карпош.
Тој посочи дека владеењето на власта е претворено во шоу, наместо во конкретни дела, мерки и политики за граѓаните и за напредок на државата.
„Денес имаме власт која не ја води државата, туку ја режира. Сè е претворено во настап, во шоу, во перформанс без никаква содржина и суштина“, истакна Филипче.
Во обраќањето Филипче посочи дека СДСМ и во најтешките кризи, здравствената, енергетската, економската – не дозволија државата да се распадне, и покажа дека и во тешки времиња може да се мисли на луѓето.
„Ги зголемивме платите, ја воведовме методологијата за раст на пензиите, ја подигнавме минималната плата, ја зголемивме социјалната помош за оние што живеат најтешко. После 3 децении ги решивме проблемите на стечајните работници. Не ветувавме чуда, но направивме конкретни чекори што го олеснија животот на граѓаните. И тоа е мерката на една сериозна политика – кога во криза покажуваш грижа, а не алчност“, рече Филипче.
Македонија
Пиперки од Македонија се повлекуваат од хрватскиот пазар

Високо ниво на пестицидот метомил, кој е штетен за луѓето, е пронајдено во црвени пиперки произведени во Северна Македонија, објави Европскиот систем за безбедност на храната (Систем за брзо предупредување за храна и добиточна храна – RASFF), пренесуваат медиумите во регионот.
Како што е наведено во соопштението за медиумите на таа европска организација, во пиперките увезени во Хрватска од Северна Македонија, по официјалната контрола на пазарот, гореспоменатата штетна супстанца е пронајдена на ниво од 0,049 милиграми метомил на килограм.
Дозволената содржина е 0,01 милиграми метомил на килограм, па бидејќи количината пронајдена во споменатите производи била пет пати поголема од тоа, наредено е повлекување од пазарот на Европската Унија, според написите.
Пазарната инспекција е извршена на 23 септември, а официјалното известување е објавено на 3 октомври.
Метомилот е карбаматен инсектицид кој е воведен во 1966 година и е познат по својата висока токсичност за луѓето и животните.
Фото: принтскрин
Македонија
Мицкоски: СДС, ДУИ и Левица се осојузиле поради слепата желба за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Долнени, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година. Мицкоски истакна дека на овие избори има две коалиции, едната на непринципиелни основи СДС-ДУИ- Левица и од другата страна ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои се борат за подобра иднина на граѓаните, трета опција нема.
„На овие избори имаме две опции, две понуди, едната понуда е коалицијата којашто е создадена на основа на непринципиелни релации помеѓу коалиционите партнери. Врз основа на слепата желба за власт, слепата желба за привилегии, но истовремено тоа што претставува главна точка на поврзување помеѓу овие политички во таа некаде формална а некаде неформална коалиција е гневот и омразата којшто тие го имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата којашто ја сочинуваат СДСМ-ДУИ и Левица. Венко Филипче, Димче Апасиев и Али Ахмети се осојузиле поради слепата желба за власт и гневот и омразата којашто ја имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. И втората коалиција којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се двете опција коишто граѓаните ќе ги имаат пред себе на следните избори. Трета опција нема“ нагласи Мицкоски.
Мицкоски посочи дека коалицијата на СДС-ДУИ, 7 години ја уназадуваа државата додека ВМРО-ДПМНЕ изминатите 15 месеци ги гради темелите на државата и се бори за подобра иднина на граѓаните.
„Првата е коалиција да се вратиме назад во времето кога се ограбуваше државата која се ограбуваше народот буквално, кога се живееше на товар на народот и државата кога истата се распродаваше се засрамуваше. И Втората коалиција којашто е ВМРО-ДПМНЕ којашто живее заедно со народот за државата за Македонија којашто живее за иднината на граѓаните и Македонија и којашто овие 15 месеци секој ден, буквално секој ден 7 дена во неделата работеше по 15 часа на ден за да може да се исправи сето она што претходно беше погрешно направено од коалицијата СДС ДУИ. 15 месеци бевме буквално посветени на зајакнување на темелите коишто беа разурнати. Неисплатени плати, неисплатени субвенции. Целта на овие партии е само да се доберат до фотелјите и потоа да продолжат да ја уништуваат оваа наша заедничка татковина Македонија“ истакна Мицкоски.
Мицкоски повика на 19 октомври граѓаните да гласаат за бројот 9 за поквалитетен живот, за напредок и развој на државата.
„Ве повикувам сите да излезете на 19 октомври да го заокружете бројот 9, да гласате за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата затоа што само така може да зборуваме за иднина, за развој на општините и Македонија“ заклучи Мицкоски.