Македонија
Демократскиот сојуз: Да се ослободиме од командно владеење
Силната партизација на правосудниот систем во целина, службите за безбедност и другите институции задолжени за борба против криминалот, како и администрацијата, само ги зајакна перформансите на командното општество, смета Демократскиот сојуз.
„Во суштина партиите на власт СДСМ И ДУИ, односно лидерите на овие две партии Ковачевски и Ахмети одлучуваат за сѐ, затоа имаме колапс на државата и државните институции, целосна криминализација и отсуство на каква било одговорност и неселективна борба против криминалот.
Уставот, но и повеќе системски закони, само ја зајакнаа партократијата во државата, не функционира имунолошкиот систем бидејќи е партизиран и секогаш се чека команда од лидерите на владеачките партии кои се „најпаметните“ при што резултатот е законите да не важат подеднакво за сите, а уште помалку да се воспостави систем на владеење на правото.
За седум години не е спроведена ниту една реформа, само најави, манипулации, меѓусебни напади и популизам.
Повиците на меѓународната заедница вклучително и на САД, само го амортизираат гневот и незадоволството на граѓаните, но власта не трепнува, таа критиката ја смета за поддршка.
Криминалот го загрозува опстанокот на државата, но нема независни институции кои ќе ја почнат таа борба.
Затоа, наместо пребројување за уставни промени ни треба исчекор и 61 пратеник за самораспуштање на Парламентот и демократски избори.
Да не губиме време, да го направиме тоа“, велат од партијата преку соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

