Македонија
Демократскиот сојуз: Османи ги загрозува евроинтеграциите на Македонија, треба да си поднесе оставка
Демократскиот сојуз оценува дека министерот за надворешни работи, Бујар Османи, со претераните, необјективни и манипулативни ставови за внатрешнополитичките состојби ги загрозува евроинтеграциските процеси на Македонија.
„Прво, во јуни 2022 година Османи ги прифати францускиот предлог, општиот став и заклучоците на Советот на Европската Унија, без претходни пошироки стручни и политички консултации. Второ, консултациите што подоцна под притисок на експертите, невладиниот сектор и политичките партии се одвиваа имаа неискрен и крајно манипулативен карактер. Османи тврдеше дека доколку парламентот и Владата ја прифатат преговарачката рамка, ќе има една меѓувладина конференција за почеток на преговарачкиот процес, а не две, како што сега најавува“, велат од ДС.
Министерот тврдеше, како што велат од оваа партија, дека протоколите, кои секоја година ги усвојуваат Бугарија и Македонија, не се дел од преговарачката рамка, а тие всушност се, дека македонскиот јазик е признат без какви било забелешки за што како круцијален доказ го користеше договорот со ФРОНТЕКС, но вистината е дека во ниту еден од документите, вклучително и во преговарачката рамка, не е предвидено дека по приемот на Македонија во ЕУ, македонскиот јазик ќе биде официјален и еден од службените јазици во ЕУ.
„Османи тврдеше дека по прифаќањето на преговарачката рамка, ќе почнат пристапните преговори со ЕУ, но во суштина почнат е само скрининг-процесот, а за преговорите и за отворање на кластерите неопходни се уставни промени, без реципроцитет и гаранции дека Бугарија нема да може историските прашања да ги користи за вето на процесите поврзани со евроинтеграциите на Македонија. Доколку има 80 пратеници, кои би гласале за уставните промени, Османи нема потреба да се конфронтира со сите што не поддржуваат уставни промени под диктат на Бугарија, која не ги признава македонскиот народ и јазикот“, се истакнува во соопштението од оваа партија.
Анализите на ДС, како што велат, покажуваат дека Османи лекомислено прифатил обврски за целата држава, а сега не може да ги исполни. Потенцираат дека по ваков дебакл, Османи треба да си поднесе оставка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши за Денот на независноста на Косово: Празникот е момент на размислување и национална гордост, кој ги отелотворува жртвувањето, посветеноста и визијата за слобода и градење на државата
Претседателот на Собранието Африм Гаши со честитка по повод Денот на независноста на Република Косово.
„Овој празник е момент на размислување и национална гордост, кој ги отелотворува жртвувањето, посветеноста и визијата за слобода и градење на државата. Независноста на Косово претставува триумф на слободната волја на граѓаните да изградат демократска, праведна и европски ориентирана држава.
Република Северна Македонија и Република Косово уживаат одлични односи. Нашите соседски, општествени и историски врски се силни и претставуваат непоколеблива основа за понатамошно продлабочување на партнерството меѓу нашите две земји.
На овој значаен ден, ја потврдуваме нашата поддршка за успешниот пат на Република Косово и изразуваме убедување дека нашата братска соработка ќе продолжи да се продлабочува во функција на мирот, стабилноста и просперитетот на регионот, како и на унапредувањето на нашата заедничка евроатлантска агенда.
Македонија
(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата
„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една опиена власт од луксуз, приватен бизнис и тендери“, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Додека, како што вели, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека владата одбива 600 евра минимална плата и им крати 40 милиони евра на земјоделците, премиерот се луксузира врз грбот на народот.
„Исто како Груевски, тој купуваше очила од 60 илјади евра и луксузен мерцедес а Мицкоски има часовници од 60 илјади евра и сака да се луксузира со авион.
Пола Влада се шетала со владиниот авион. Главна дестинација- Будимпешта, кај нивниот шеф, Груевски. За еден час, овде, пред Владата ќе започне протест на работниците за поголеми плати, за достоинствен живот.
Нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата и да им одговори: Колку ги чини граѓаните овој луксуз на премиерот со владиниот авион“.
Затоа ли се најавува купување на нов владин авион – за уште повеќе приватни патувања со народни пари, прашува Кузеска.
Македонија
Герасимовски: Јавен повик за Итно копче, брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар
Општина Центар ги повикува сите заинтересирани граѓани да аплицираат за услугата Итно копче, наменета за лица над 65 години, со приоритет за оние кои живеат сами или со брачен другар со нарушена здравствена состојба.
Услугата е наменета за лица со пензија до 35.000 денари и без дијагноза на деменција или Алцхајмерова болест, а може да ја користи само еден член на семејство.

„Со примена на оваа иновативна услуга обезбедуваме брза реакција за повозрасните или изнемоштените лица преку едноставно притискање копче што се наоѓа на уред во форма на алка. Станува збор за технологија која спасува животи и го подобрува квалитетот на живот на повозрасната популација“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Јавниот повик важи од денот на објава до исполнување на капацитетите, при што корисниците ќе се избираат по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Документите се доставуваат во Канцеларија на Итно копче, ул. Славе Георгиевски Шнајдер бр.5, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

