Македонија
Демократски сојуз: Апсурдно е пратениците да се привилегираат со посебен закон

Демократскиот сојуз смета дека е спротивно на уставното начело на еднаквост на граѓаните, да се донесе посебен закон за пратениците со кој ќе им се овозможат посебни услови за пензионирање, приоритет при вработување и друг вид погодности.
Во 2005 годна Собранието донесе Закон за пратеници („Службен весник на РМ” бр.84/2005), со кој беа предвидени бенефиции за пратениците, меѓу кои и услови за предвремено пензионирање, со само 25 години работен стаж и 55 години старост, а пензијата да изнесува 80% од пратеничката плата.
На иницијатива на Демократскиот сојуз, но и други предлагачи, Уставниот суд со одлука од 12 април 2006 година („Службен весник на РМ“ бр.52/2006) ги укина одредбите од Законот за пратеници, со кои се определуваа повеќе привилегии на пратениците.
Од тука, иницијативите и барањата на пратеници од активниот пратенички состав немаат уставна и реална основа да се стекнуваат со посебни права и привилегии во споредба со правата на останатите вработени и граѓани.Апсурдно е пратениците да се заштитат со посебен Закон за нивни привилегии, смета партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на патот Градско – Прилеп во прекин

Поради случена сообраќајна незгода, патот Градско – Прилеп е во целосен прекин, информира АМСМ.
„Поради товарно моторно возило сообраќајот е попречен на експресниот пат Градско према Прилеп (односно према село Дреново), сообраќајот е во целосен прекин и се одвива по стариот пат низ село Росоман“, велат од АМСМ.
Македонија
Почнува реновирањето на Клиниката за гинекологија

Премиерот, Христијан Мицкоски, утре ќе присуствува на почеток на комплетно реновирање и реконструкција на амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клинички центар „Мајка Тереза“ ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство во Скопје.
Од Владата информираат дека реконструкцијата е во износ од 29.000.000 денари со што, како што пишува во соопштението, ќе се создадат услови за поефикасна дијагностика и лекување на пациентите.
Македонија
Утре облачно време, попладне дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, особено во деновите од викендот.