Македонија
Демократски сојуз: Како може осудени за тероризам да се сместени со лица за кои се води истрага?

Државата е таа која е одговорна за безбедноста на осудените кои издржуваат затворска казна во казнено-поправните установи. Јавното обвинителство треба да спроведе истрага за лицата за кои постојат основани сомненија дека се инволвирани во нападот на Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски. Ваква порака испрати Демократскиот сојуз преку соопштение.
„Бараме да се преиспита работењето на Управата за извршување на кривични санкции, посебно од аспект на тоа осудените за тероризам на 40 години затворска казна да бидат сместени заедно со лица за кои се води истрага“, се наведува во соопштението на Демократскиот сојуз.
Од партијата порачаа дека директорот на затворот не може да води истрага за разјаснување на овие настани во затворот бидејќи постои судир на интереси. Истрагата, како што велат, треба да ја спроведе обвинителството, а комисијата формирана од министерот за правда треба да ја преиспита неговата работа, како и одговорноста на вработените во затворот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m²) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Времето во наредните денови
До петок ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)
Македонија
Наградени ќе бидат полицајците кои вчера ја спасија жената во Вардар

Министерот Панче Тошковски, се сретна со полициските службеници Кристијан Стефановски и Жико Ѓорѓиевски – хероите кои вчера ја спасија жена во водите на реката Вардар.
Министерот на средбата со нив уште еднаш потенцираше дека важноста на полицијата и нејзината вистинска сила и влијание врз животот и благосостојбата на граѓаните се гледа во најтешките човечки моменти.
„Херојските дела како вашето, кога директно се спасува човечки живот е повеќе од службено постапување, тоа е вистинска пожртвуваност и посветеност кон мисијата да се чува безбедноста и сигурноста на секој граѓанин и целото општество.“, потенцираше министерот Тошковски при честитките до двајцата полициски службеници за нивната херојска постапка.
Тој нагласи дека во рамките на законските можности тие ќе бидат наградени за нивната херојска постапка која е инспирација за сите нас унапредувањето на хуманиот аспект на нашите дела и постапки како обични луѓе и професионалци.