Македонија
Демократски сојуз: Осуда на насилството и ригорозни казни
„Демократскиот сојуз најостро го осудува организираниот напад на учесниците на протестите и бараме брза реакција на службите за безбедност и полицијата. Првичните информации и објавените видеа и фотографии ги потврдуваaт сомневањата дека се работи за смислен напад и провокација со цел да се предизвикаат судири од пошироки размери и потешки последици, меѓу другото и на меѓуетнички план“ стои меѓу другото во партиското соопштение од владејачкиот коалициски партнер Демократскиот сојуз.
Оттаму соопштуваат дека „ДС инсистира на истрага со цел да се откријат организаторите на овој напад, каде освен со камења, столици и други предмети, најмалку две лица користеа и огнено оружје“.
„Протестите се демократско право на искажување став и револт, но насилството и напади врз полицијата се недозволени. При масовни собири и протести, секогаш има поединци, но и организирани групи, кои смислено прават инциденти. Ги повикуваме сите што протестираат да се воздржат од насилство, а кога нема формален организатор, партиите незадоволството на граѓаните да не го користат за партиски цели“, велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

