Македонија
Демократски сојуз: Партиите да престанат да шират говор на омраза на социјалните мрежи

Демократскиот сојуз ја поздравува одлуката на Министерството за внатрешни работи да ги испита заканите против новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, како и одлуката на директорката на Централниот регистер да му врачи отказ на заканувачот Емил Јакимовски. Го повикуваме обвинителството веднаш да отвори предмет за овој случај, како и за сите други случаи на закана за физичко насилство, говор на омраза, дискриминација против новинарите.
Демократскиот сојуз ги повикува партиите од власта и опозицијата, пред сè СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да престанат преку своите платени ботови да ги контаминираат социјалните мрежи со ширење лаги, партиска пропаганда и говор на омраза против политичките противници и критичките новинари и медиуми.
„Улогата на медиумите во предизборието е од исклучителна важност за демократски и фер изборен натпревар. Новинарите треба да информираат слободно и самостојно без закани од политички и какви било други притисоци од моќници. Говорот на омраза на социјалните мрежи мора да биде соодветно санкциониран“, соопшти партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно облачно со услови за дожд и снег

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.