Македонија
Демократско движење за крстот на Попова Шапка: Убедени сме дека Албанците нема да паднат во оваа оркестрирана замка за веќе познати цели
„Поставувањето на крстот на Попова Шапка е уште еден доказ дека постојат мрачни сили кои прават се за да го оттргнат вниманието на граѓаните. Играњето на картата на тензија во меѓунационалните и меѓуверските односи е уште еден обид на некој да се извлече сув и чист од калта“, вели Демократското движење во писменото соопштение.
„Сепак, се надеваме многу и убедени сме дека Албанците нема да паднат во оваа оркестрирана замка за веќе познати цели. Очигледно ова е дело на очајници кои сакаат преку овој чин да освојат некакви политички поени. Демократското движење апелира до населението да биде воздржано додека не се разјасни кој всушност стои зад ова сценарио.
Демократското движење се надева дека и меѓународниот фактор ќе ги активира своите механизми за да ги спречи искрите кои можат да го експлодираат бурето со барут на проблематичниот Балкан“, се додава во соопштението на Демократско движење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

