Македонија
Денеска без струја делови на Центар, Кисела Вода, Гази Баба и на Шуто Оризари

Поради закажани технички зафати во дистрибутивната електромрежа, од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека денеска ќе останат без струја делови на Центар, Кисела Вода, Гази Баба и на Шуто Оризари.
Без електрична енергија во периодот од 10 до 16 часот ќе останат корисниците од делови од улиците Славејко Арсов и Христо Чернопеев (општина Центар), во периодот од 9.30 до 10.30 часот корисниците од дел од улицата Козара од бр. 2 до бр. 32 и околните објекти (општина Центар). Во периодот од 8.45 до 11 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците Томе Арсовски, Антон Попов, Димо Хаџидимов и објектите во непосредна близина (општина Кисела Вода), од 8.45 до 15 часот корисниците од селата Идризово, Мралино и дел од Кадино, месноста Дрма и фирмите „Пивара“, „Маклифт“, „Мајами“ и „Макпетрол“ – Идризово (општина Гази Баба).
Струја ќе нема во периодот од 8.30 до 11 часот и за корисниците од улицата Милан Мијалковиќ (општина Кисела Вода), од 11.30 до 14 часот за корисниците од улиците Томе Арсовски и Антон Попов (општина Кисела Вода) и во периодот од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Пелагонија (општина Шуто Оризари).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Грета Тунберг во Тетово

Шведската активистка Грета Тунберг вчера беше во Тетово, во посета на Општествено-културниот центар Тетово, објавија од организацијата.
Тунберг ја посетила и новата локација на Центарот која се спрема со заеднички волонтерски ангажман кој се реализира со поддршка од меѓународни партнери од Белгија, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина.
Новиот простор ќе биде отворен утре со почеток од 18 часот.
Пред да пристигне во Македонија, Тунберг учествуваше на протест во главниот град на Албанија, Тирана, каде што на плоштадот Скендербег се обрати пред многу граѓани. Таа тогаш повика на итен прекин на израелската опсада врз Газа и остро ја осуди.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Методологијата на Тренчевска на пензионерите им ги зголеми пензиите за 138 денари

Методологијата на Тренчевска на пензионерите им ги зголеми пензиите за 138 денари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за 18 месеци ги зголемува за 7.000 денари, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Јована Тренчевска од СДСМ.
„СДС и Тренчевска продолжуваат да манипулираат со бројки, но фактите говорат сосем спротивно.
Методологијата на Тренчевска на пензионерите им ги зголеми пензиите за 138 денари во време на КОВИД пандемија кога поради нивната лоша економска политика инфлацијата беше над 20%.
Да потсетиме дека кога СДС и Тренчевска беа на власт пензионерите секојдневно протестираа по улиците и пред владата, а нивните барања беа токму за линеарно покачување на пензиите.
СДС и Тренчевска тогаш немаа слух за пензионерите, ги донесоа до раб на егзистенција и не им овозможија достоинствен живот каков што заслужуваат.
Пензионерите сега веќе имаат партнер во оваа Влада која ги слуша им ги решава проблемите, им го вреднува вложениот труд и овозможува достоинствено да живеат.
За неполна година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, пензиите веќе се зголемија за пет илјади денари, а од септември и март следи друго покачување од по илјада денари. Само за 18 месеци пензиите на сите пензионери линеарно ќе се покачат за 7.000 денари“, пишува во реакцијата.
Македонија
Пуштен во употреба нов булевар во Гевгелија

Денес, овде во Гевгелија, заедно сведочиме на исполнување на едно големо ветување. Го пуштаме во употреба капиталниот проект-улицата „Свети Климент Охридски“, обиколницата која претставува нов современ западен булевар и е директна артерија за сообраќајниот и економскиот живот на Гевгелија, изјави премиерот, Христијан Мицкоски.
Тој кажа дека ова бил приоритетен проект од програмата за работа уште во 2021 година.
„И денес, само неколку години подоцна, го гледаме реализиран. Со вредност од над 120 милиони денари или околу 2 милиони евра, оваа улица не е само нов асфалт, туку симбол на нашата решителност, дека ветувањата не се дават за да се заборават, туку за да се исполнат“, рече Мицкоски.
Тој кажа дека паралелно со овој проект, во тек е и реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од Булеварот „Гевгелија“, заедно со натпатникот на улицата „Железничка“ и железничката пруга, проект во вредност од над 25 милиони денари.
„Дополнително, во завршна фаза е и изградбата на кружната крстосница на влезот во Гевгелија, со нов мост над каналот „Рауљ“, како и дислокација на дел од каналот под крстосницата, проект вреден повеќе од 27 милиони денари. Тоа се крупни инфраструктурни зафати што значат подигнување на општината на едно повисоко ниво, што значи визија, план и конкретна работа“, изјави Мицкоски.