Македонија
Регистриран само еден нов случај на Ковид-19, починати се три лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.375 тестирања, а регистриран е 1 нов случај на Ковид-19 од Куманово.
Регистрирани се 204 оздравени пациент од: Скопје – 77, Куманово – 25, Охрид – 19, Битола – 11, Струмица – 9, Тетово и Кичево – по 7, Прилеп – 6, Гостивар, Штип и Струга – по 5, Велес и Радовиш – по 4, Кочани и Кратово – по 3, Кавадарци, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2, Гевгелија и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се вкупно 3 починати лица: по едно лице од Куманово (55г), Тетово (61г), и Гевгелија (80г).
Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.
Направени се 1.375 тестови преку: ИЈЗ-193, ЦЈЗ Скопје-26, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–3, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-131, Авицена-114, Биотек-199, Систина-109, лабораторија Лаор-0, Синлаб-8, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-96, ВФВ Медикал-43, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 453.
Досега во земјата се направени вкупно 815.893 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.418, бројката на оздравени пациенти е 149.496, на починати е 5.458, а бројот на активни случаи изнесува 464.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68567, Активни 221
Куманово 8845, Активни 39
Прилеп 8311, Активни 32
Тетово 7220, Активни 19
Битола 6298, Активни 17
Велес 5469, Активни 2
Гостивар 5179, Активни 15
Кавадарци 5153, Активни 2
Охрид 5008, Активни 19
Штип 4959, Активни 3
Струмица 4111, Активни 7
Струга 2981, Активни 8
Кочани 2789, Активни 7
Кичево 2568, Активни 21
Гевгелија 2194, Активни 3
Неготино 2184, Активни 4
Свети Николе 1523, Активни 2
Ресен 1234, Активни 1
Крива Паланка 1220, Активни 1
Радовиш 1160, Активни 11
Берово 1029, Активни 2
Делчево 972, Активни 4
Дебар 940, Активни 1
Виница 886, Активни 10
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 666, Активни 1
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 1
Демир Хисар 400, Активни 3
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 375, Активни 5
Македонски Брод 359, Активни 1
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 2
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Со приказната за авионот Мицко ја расплака пола Македонија, велат од СДСМ
Многу тажната приказна на премиерот Мицкоски ја доведе до солзи половина Македонија. Авион морало да се купи за да служи во хуманитарни цели. Очигледно за него лично патувањето на море со авион е „хумано“, велат од СДСМ по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски.
„Бидејќи морето има лековити дејства, сигурно со нов авион и нови часовници од 60 илјади евра ќе му бидат потребни. Често народот вели дека и парите може да бидат лековити. Хумано не е исто што и хуманитарно. Би било хумано да се зголемат платите на работниците на 600 евра. Затоа што луѓето едвај врзвуваат крај со крај, не можат да ги платат сметките и да обезбедат храната за своите семејства.
А ако се плаши да лета со владиниот авион, како што вели, постојат и комерцијални летови. Е сега не мора со бизнис класа како што е навикнат и со карти од 4.000 евра, може да патува и со економска класа, затоа што нашата економија не е за бизнис класа.
Тука „бизнис“ главно прави тендер-коалицијата ВМРО-ЗНАМ“.
Сега кога Мицкоски призна дека го водел семејството на море на трошок на граѓаните, нека каже, додаваат од опозициската партија, и кај кого беше на Јадранско море, за на граѓаните да им биде сè јасно.
„Овие жалопојки на Мицкоски тешко се слушаат. Морало кај Орбан, читај Груевски, морало кај сестринската партија по copy-paste инструкции за кампања.
Дури толку ги применува инструкциите што почна да вметнува латински изрази како Вучиќ во своите изјави. Човек не знае дали го слуша Вучиќ или Мицкоски.
Шкодата не му одговара, да, знаеме – подобар е мерцедес. Сигурни сме дека Груевски може и модел да му каже кој е најдобар.
Срцепарателните приказни го понесоа дотаму што кажа дека ако загине, СДСМ ќе биде виновен.
Почнува да звучи како неговата сестринска партија со која негуваат односи – таму секоја недела најавуваат дека нешто ќе му се случи на Вучиќ.
Вистинска филмска сцена, солзите се тука. Само нема одговор за 5-те тони дрога преку граница и зошто не се укине луксузот на власта па работниците да добијат плати какви што заслужуваат“.
Македонија
Костадиновска-Стојчевска ја повика Јаневска да го повлече предлог-законот за високо образование
Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница упати прашање до министерката за образование, Весна Јаневска, кое се однесуваше на предлог законот за високо образование и последиците од неговите решенија врз автономијата на универзитетите, квалитетот на образованието и можностите за развој на студентите и академскиот кадар.
Таа се осврна на реакциите од академската заедница кои предупредуваат дека законот премногу ја централизира контролата, се фокусира на процедура и административни прашања, а не ги решава суштинските проблеми како финансии, одлив на млади кадри и слабата поврзаност со пазарот на труд.
„Квалитетот во високото образование мора да биде највисок приоритет не само на надлежниот министер и на владата туку и на сите вклучени во тој степен на образование. И затоа секое законско решение кое го регулира високото образование мора редовно да се осовременува, но тој процес мора да ги вклучува сите чинители и да се сослушаат сите страни.
Откако беше објавен на ЕНЕР предлог законот за високо образование, не стивнуваат реакциите.
Министерке, дали сметате дека овој предлог навистина ги опфаќа сите профили кои студираат на нашите високо образовни институции?
Дали суштински се решаваат проблемите со тоа што се скратуваат можностите на младите да останат да работата на некоја високообразовна институција?
Дали сметате дека предлог законот Не дискриминира? Дали сте подготвени да ги сослушате сите страни? Дали сметате дека закон за високо образование треба да се донесе со сила, со инает, а повторно да останат можностите за “диплома на секое ќоше”? дали сметате дека со вака поставени нешта во високото образование, нема да се продлабочи проблемот со неквалитетните дипломи- додипломски, магистерски, докторски- кои одамна се навлезени во општеството и тие се тие против кои всушност се бориме?
На крај, дали ќе го повлечете законот и ќе пристапите кон изработка на нов предлог закон“, праша Костадиновска-Стојчевска.
Македонија
Нова соработка во FMCG секторот: Нелт Група започнува со дистрибуција на производите на Бамби во Северна Македонија
Бамби, една од најпознатите кондиторски компании во регионот, е нов принципал во портфолиото на компанијата Нелт СТ, членка на Нелт Група. Со оваа соработка, Нелт СТ ја започнува дистрибуцијата на производите на Бамби на пазарот во Северна Македонија.
Партнерството на компанијата Бамби со силен регионален бренд и на компанијата Нелт СТ, која располага со исклучителна локална експертиза во областа на дистрибуцијата и развојот на пазарот, претставува цврста основа за долгорочен раст, унапредување на достапноста на производите и создавање дополнителна вредност за трговските партнери и крајните потрошувачи.

„Со преземањето на дистрибуцијата на брендот Бамби продолжуваме со проширување на портфолиото на стратешки принципали, потпирајќи се на силен дистрибутивен систем и долгорочни партнерства. Силата на Нелт Група произлегува од принципиелната соработка со лидери во различни категории и од високите стандарди што ги одржуваме во секој дел од операциите. Убеден сум дека и соработката со компанијата Бамби ќе биде успешна и долгорочна, бидејќи ги споделуваме истите вредности – квалитетна услуга, професионален пристап и јасен фокус на потрошувачите“, изјави Драган Димоски, менаџер на дивизија Нелт СТ.

Компанијата Бамби е дел од групацијата Coca-Cola HBC Србија, а ја одликува силна пазарна препознатливост, широка база на потрошувачи и значителен потенцијал за понатамошен раст на пазарот во Северна Македонија.

Нелт Група и Бамби веќе со години успешно соработуваат на пазарите во Србија и Босна и Херцеговина, а новата соработка во Северна Македонија дополнително ја продлабочува регионалната соработка. Фокусот на заедничките активности ќе биде насочен кон зајакнување на позицијата на брендот Бамби, развој на портфолиото и проширување на достапноста на производите преку силната дистрибутивна мрежа на Нелт СТ.
ПР

