Македонија
Денеска е Ден на правосудството, можност за промоција на приципите за одговорност, транспарентност, професионалност
Здружението на судската администрација на сите вработ0ени во судската служба на судовите, судиите, судите поротници, јавните обвинители, правобранителите, адвокатите, медијаторите, нотарите, извршителите, пробациската служба, им го честита 31 март – Денот на правосудството, со желба за успешно извршувањето на работите од своја надлежност.
На денешен ден во 1945 година со донесувањето повелба на АСНОМ за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија поставени се темелите на судството во Република Македонија. Со повелбата основани се 25 околиски судови, три обласни судови, со седишта во Скопје, Штип и Битола, и Врховен суд со седиште во Скопје.
Годишнината на одбележување на овој датум е можност за промоција на приципите за одговорност, транспарентност, професионалност, интегритет, непристрасност, стручност и професионалност во работењето како темелни вредности за владеење на правото и функционирањето на правната држава. Во изминатите 75 години македонско правосудство стремежот кон имплементација на овие принципи е вткаен во трудот на генерации вработени во правосудните институции.
Денес, исправено пред барањата на современото општество, македонско правосудство е свесно за своите слабости, но и свесно за неизбежноста на процесот за бескомпромисно опстојување на овие принципи и достигнување нови повисоки стандарди во своето работење“, се наведува во соопштението на Здружението на судската администрација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

