Македонија
Денеска регистрирани 6 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.650 тестирања, а регистрирани се 6 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 5 и Кичево – 1 лице.
Регистрирани се 27 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 17, Тетово – 4, Охрид – 2, Прилеп, Гостивар и Кичево – по 1 лице.
Не се регистрирани починати пациенти.
Направени се 1.650 теста преку: ИЈЗ – 18, ЦЈЗ Скопје – 0, ЦЈЗ Битола – 0, ЦЈЗ Прилеп – 0, ЦЈЗ Тетово- 0, ЦЈЗ Куманово – 0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 2, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 0, МАНУ – 0, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 56, „Авицена“ – 83, „Биотек“ – 153, „Систина“ – 63, лабораторија „Лаор“ – 0, „Синлаб“ – 69, „Ремедика“ – 0, „Плодност“ – 0, „Генеа“ – 0, „Никоб лаб“ – 280, „ВФВ медикал“ – 20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 906.
Досега во земјата се направени вкупно 893.681 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.716, бројката на оздравени пациенти е 150.100, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 130.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68.682, активни 54
Куманово 8.882, активни 10
Прилеп 8.327, активни 5
Тетово 7.253, активни 14
Битола 6.309, активни 5
Велес 5.474, активни 2
Гостивар 5.182, активен 1
Кавадарци 5.155, активни 2
Охрид 5.019, активни 9
Штип 4.960, активни 0
Струмица 4.120, активни 6
Струга 2.981, активни 0
Кочани 2.792, активни 0
Кичево 2.600, активни 14
Гевгелија 2.195, активни 0
Неготино 2.184, активни 0
Свети Николе 1.524, активни 0
Ресен 1.234, активни 0
Крива Паланка 1.227, активни 2
Радовиш 1.161, активни 0
Берово 1.032, активни 3
Делчево 973, активни 0
Дебар 942, активен 1
Виница 886, активни 0
Пробиштип 789, активни 0
Валандово 667, активни 0
Богданци 494, активни 0
Крушево 490, активни 0
Демир Хисар 400, активни 0
Демир Капија 396, активни 0
Кратово 377, активен 1
Македонски Брод 359, активни 0
Пехчево 269, активен 1
Македонска Каменица 249, активни 0
Дојран 132, активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

