Македонија
Денеска се очекува нова средба Заев – Мицкоски
Според последните најави, лидерите на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, денеска треба да се сретнат во Клубот на пратениците.
Средбата е резулатат на поканата од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и на неа се очекува да се разговара за сите отворени прашања, како што се кризата предизвикана од пандемијата, работата на парламентот, пописот, економијата, евроинтеграциите, изборите.
Заев во петокот изјави дека верува оти по средбата со Мицкоски, ќе соопштат дека е најдено решение меѓу големите политички субјекти за Изборниот законик и воведувањето отпечаток од прстот или „фингерпринтот“ на следните избори, а најави и можен договор за вакцинирање на попишувачите.
„Имаме многу што да разговараме, но секако најважно е да седнеме преку дијалог да изнаоѓаме решенија затоа што постоиме да им служиме на граѓаните“, порача Заев.
Мицкоски, пак, најави дека ќе се зборува за теми што се од животно значење.
Запрашан дали и другите лидери на политички партии ќе бидат повикани, Мицкоски одговори дека зборува за тет-а-тет средба помеѓу двајца лидери од двете најголеми политички партии, односно партии шот имаат најголем број пратеници во парламентот.
„Се надевам дека нема да бидам погрешно сфатен од страна на другите политички лидери бидејќи целта ми е искрена. Целта ми е да постигнеме консенсуз меѓу двете најголеми политички партии“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на ГП „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 15:00 часот е нормализиран во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.
Македонија
Утре сончево време со температура до 15 степени
Утре во утринските часови ќе има појава на магла по котлините. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и тивко, освен во југоисточните делови каде ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.
До крајот на неделата нашата држава ќе биде под влијание на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и релативно топло време. По одделни котлини во претпладневните и ноќните часови ќе има појава на магла.
Македонија
(Фото) Колони возила чекаат влез во Македонија преку „Дојран“, „Богородица“ е затворен
Колони возила чекаат на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Ники“ (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, информира АМСМ.
Според најновата информација од АМСМ, сообраќајот на ГП „Богородица“ (ГП Евзони) од 15 часот е нормализиран во двата правци.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Дојран, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информира АМСМ.

