Македонија
Денеска се регистрирани 136 нови случаи, починаa 6 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Куманово-6, Дебар-7, Штип-14, Прилеп-1, Тетово-12, Струга-9, Велес-1, Охрид-2, Гостивар-13, Струмица-2, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-4, Ресен-4.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од: Скопје-77, Штип-7, Тетово-15, Струга-1, Велес-4, Битола-2, Гевгелија-1, Кочани-2, Пехчево-1, Кичево-2, Ресен-11.
Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово, двајца пациенти од Струга и еден од Гостивар.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се четворица пациенти на возраст од 46, 53, 63 и 69 години. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 42 години. Во ОБ Куманово починат е пациент на возраст од 80 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8111, бројката на оздравени пациенти е 4203, на починати е 382, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3526. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3848, активни 1830
• Куманово 854, активни 186
• Дебар 151, активни 89
• Штип 444, активни 172
• Прилеп 296, активни 63
• Тетово 868, активни 320
• Струга 320, активни 161
• Велес 202, активни 35
• Битола 69, активни 26
• Охрид 225, активни 133
• Кавадарци 25, активни 17
• Гостивар 229, активни 143
• Гевгелија 12, активни 2 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 24, активни 16
• Крива Паланка 19, активни 9
• Радовиш 8, активни 4
• Крушево 12, активни 7
• Кочани 77, активни 15
• Пробиштип 36, активни 24
• Демир Хисар 8, активни 7
• Македонски Брод 8, активни 4
• Пехчево 6, активни 1
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 6, активни 3
• Свети Николе 117, активни 110
• Кичево 73, активни 62
• Ресен 138, активни 82
• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 991 теста се преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-36, Авицена-126, Биотек-85, МАНУ -112, Жан Митрев (Филип Втори) -14, Систина со PCR метода -156, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-29. Досега во земјата се направени вкупно 77.160 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 55 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 22 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 95 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 114 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 300
• Аеродром – 159
• Бутел – 131
• Гази Баба – 189
• Центар – 138
• Карпош – 140
• Сарај – 120
• Кисела Вода – 108
• Ѓорче Петров – 105
• Студеничани – 110
• Шуто Оризари – 79
• Арачиново – 43
• Илинден – 23
• Петровец – 18
• Чучер Сандево – 11
• Сопиште – 9
• Зелениково- 14
• Странец – 5
• Нераспределен- 128
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре и задутре во Тетово поради предизборни митинзи
СВР Тетово информира дека поради одржување на митинзи на политичките партии во рамки на предизборната кампања во следните два дена (недела и понеделник) ќе има посебен сообраќаен режим во центарот на градот.
– Ќе се воведе посебен режим на сообраќајот и тоа по булевар „Илирија“од влезот на Тетово сè до плоштадот, односно кружниот тек со булевар „Илинденска”, при што нема да се дозволува паркирање на возилата низ булеварот. Исто така, за време на митинзите сообраќајот ќе биде пренасочен по другите улици, и тоа по улиците „ЈНА“, „Тодор Ципоски-Мерџан”, „Јане Сандански“ и улица „Никола Тесла“, се вели во соопштението на СВР Тетово.
Отттаму со апел возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.
Македонија
Ковачевски: Имаме задача да не се откажеме од европскиот сон за подобра и просперитетна држава за идните генерации
„Нашата генерација има задача да не се откаже од европскиот сон на земјата и да направи сè за Македонија да стане рамноправна членка на Европската Унија“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на митингот на Коалицијата за европска иднина во Кичево.
Ковачевски истакна дека денеска кога чествуваме 121 година од смртта на македонскиот револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев, важно е да се потсетиме дека низ историјата нашиот народ не се откажувал дури ни пред најтешките предизвици. Порача дека 8 мај е нов историски крстопат, денот кога сите прогресивни и демократски сили во државата треба да одлучат државата одлучно да продолжи на патот кон Европската Унија.
„Само така ќе изградиме подобра и просперитетна држава за идните генерации. Држава со европски животен стандард, европски вредности, европски правила на игра“, рече Ковачевски.
Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел и ќе можеме да се збогуваме од ЕУ, истакна Ковачевски.
„Не смееме да ја повториме грешката од минатото и да дадеме преголема моќ во рацете на десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ. Уште се свежи раните што ѝ ги нанесоа на државата за време на нивното 11-годишно владеење на Македонија. Сетете се на заробените медиуми, замолчените вработени во јавниот сектор, натепаните студенти во библиотеките и плоштадите. Сетете се на милионите потрошени за жални врби, лажен барок, евтин стиропор само за да се богатат поединци од ВМРО – ДПМНЕ“, истакна Ковачевски.
Лидерот на СДСМ пред граѓаните на Кичево најави повисоки плати и пензии, пакети за поддршка на учениците и студентите, одговорна социјална политика и одлучна борба против криминалот и корупцијата.