Македонија
Сончево и многу топло со температури до 41 степен
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови умерен до засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната од 34 до 41 степен. Согласно вредностите на прогнозираните температури на целата територија, ќе биде активирано жолто ниво на опасност од високи температури. УВ=9.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност попладне. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 20, а максималната ќе достигне 39 степени.
И в четврток времето ќе биде сончево и многу топло со температури до 40-тиот степен.
Од петок температурата ќе се намали, облачноста повремено ќе се зголемува и ќе има појава на локален дожд и ретки грмежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На плоштадот во Скопје: Мицкоски за новогодишната ноќ во друштво на Ѓорѓиевски
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во празнична атмосфера и во друштво на голем број граѓани.
„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата Година“, напиша Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.
На граѓаните им посака здравје, и успеси.
„Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија.
Среќна Нова Година“
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

