Македонија
Денеска стабилизирање на времето, од петок нови врнежи од дожд
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Во текот ноќта ќе има услови за локален дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 29 степени.
Ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од петок се очекуваат нови врнежи од дожд и локална појава на грмежи и засилен ветер. Во петок и особено во сабота ќе засилува југозападен ветер, а потоа со северен ветер се очекува позначително опаѓање на температурата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нема истекување на линдан во ОХИС, чистењето продолжува, велат од Министерството за животна средина
Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека нема никакво истекување на линдан во поранешниот индустриски комплекс ОХИС, реагирајќи на информациите што се појавија во јавноста.
Од Министерството уверуваат дека континуирано се спроведува процесот на чистење на линданот, кој претставува еден од најголемите еколошки предизвици во земјата.
Во средата, на 22 октомври, во вечерните часови бил извршен вонреден инспекциски надзор, при што било утврдено дека нема апсолутно никакво истекување на линдан ниту нарушување на безбедноста на локацијата.
Министерството потсетува дека веќе неколку години активно работи на чистење на малиот линдански лот, каде што се постигнати значителни резултати, а паралелно се бараат најсоодветни и одржливи решенија за отпочнување со санација на големиот лот, кој е следната приоритетна фаза.
Министерството нагласува дека останува целосно посветено на транспарентност, редовен надзор и безбедно спроведување на сите активности, со цел создавање почиста, поздрава и побезбедна животна средина за сите граѓани.
Македонија
Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман
На денешниот настан во општина Росоман под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, во рамки на изборната кампања за вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат следната недела на 2 ноември, се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски на самиот почеток објасни дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ се разликува од останатите претходни влади, и тоа по обезбедувањето на финансиски средства за проекти за сите општини подеднакво, независно од која политичка гарнитура доаѓаат градоначалниците.
„Ние потпишавме договори и обезбедивме финансирање на проекти во вкупна вредност од половина милијарда евра, нешто што досега не е запаметено во независна Македонија, тоа никогаш не го направила ниту една влада во четири години, што ВМРО-ДПМНЕ и оваа Коалиција го направија за 16 месеци. Притоа бевме свесни и не се однесувавме како што се однесуваше претходната влада на СДСМ и ДУИ да бидеме негативни, и да ги казнуваме граѓаните во општините во коишто градоначалникот е од опозицијата напротив, ние сакавме и сакаме и во иднина така ќе се однесуваме како Влада на сите граѓани, без разлика дали во тие општини градоначалникот е од опозицијата или е од Владата“, рече Мицкоски.
Претседателот Мицкоски исто така истакна дека Росоман има градоначалник кој не ја заслужува довербата на граѓаните, и дека треба да се остават во минатото луѓето кои освен ограбување на сопствениот народ, понижување и национално распродавање на Македонија, ништо друго не покажале.
„Но, овде во Росоман имаме градоначалник којшто апсолутно не ја заслужува довербата на граѓаните. Да ги оставиме овие рецидиви на минатото, да ги оставиме на онаа седумгодишна власт којашто ја ограбуваше Македонија, ја понижуваше во минатото. Да излеземе масовно на 2 Ноември и да го дадеме својот глас за бројот 9 и за Ѓорѓи. Втората опција е за излезете и да го дадете својот глас за коалицијата којашто имаше можност седум години да направи нешто за Македонија, како што велат, тие да се борат за својот дом, но освен борба за нивните џебови и ограбување на народот и понижување и национално распродавање на Македонија, ние ништо друго не видовме“, посочи Мицкоски.
Македонија
„Влен“: Во Студеничани го поддржуваме независниот кандидат Азем Садику
Коалицијата ВЛЕН најавува дека во вториот круг од локалните избори ќе го поддржи независниот кандидат за градоначалник на Општина Студеничани, Азем Садику.
„Оваа одлука е донесена врз основа на волјата на граѓаните Албанци, јасно изразена на 19 октомври, кога со еден глас рекоа „ДУИ не“ во повеќето албански општини“, велат од „Влен“.
Заедно со граѓаните и кандидатите кои искрено го претставуваат јавниот интерес, се додава во соопштението, ќе ја унапредиме промената што започна на 19 октомври во албанските општини.
Во вториот изборен круг ќе се соочат Ејуп Абази од ДУИ кој освои 2.597 гласа и независниот Азем Садики, кој освои 3.156 гласа. Кандидатот на Влен, Седат Бислими не обезбеди гласови за учество во вториот круг.

