Македонија
Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Во Кабинетот на претседателот денес ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести.
По свечената церемонија новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и досегашниот претседател Стево Пендаровски чијшто мандат истекува денес, предвидено е да остварат тет-а-тет средба.
Државната изборна комисија вчера и’ го издаде уверението за избран претседател на Гордана Силјановска-Давкова. Во текот на денешниот ден таа пред пратениците во Собранието ќе даде свечена изјава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Времето до крајот на денот: променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд.
Процесите ќе бидат поинтензивни особено во источните делови, каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.
Во Скопје, Променливо облачно со повремен дожд.
Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Македонија
Кривична пријава за екоцидот на Крива Река, бара ДОМ

ДОМ бара надлежните да поднесат кривична пријава за загадувањето на Крива река.
„Согласно изнесените информации од страна на Градоначалникот, добиени од резултатите од акредитираната лабораторија за загадувањето на Крива река, го повикуваме да покрене кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид по чл.218-б од КЗ“, велат од ДОМ.
Како што појаснуваат, согласно кривичниот закон ваквото загадување на животната средина претставува тешко кривично дело против природата и животната средина каде се предвидени затворски казни над 10 години за одговорните лица во правното лице.
Владата, апелираат од ДОМ, треба да размисли какви кадри поставува на одговорни функции, кои треба да превенираат идни хаварии.
Македонија
Четворицата лидери на „Влен“ вечерва ќе одат на ифтарска вечера кај Аљбин Курти, Таравари вели дека ќе разговараат и за локалните избори

За претстојните локални избори, како и за сите актуелни теми во земјата и во регионот, вечерва, на ифтарска вечера кај премиерот на Косово, Аљбин Курти, ќе разговараат четворицата лидери на коалицијата „Влен“ по објавите дека има несогласувања меѓу нив во врска со кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори.
„Денеска, четирите претседатели на партиите на ‘Влен’ се повикани на ифтарска вечера кај премиерот на Косово, господинот Аљбин Курти. Ќе одиме сите четворица на ифтарска вечера. Меѓу другото, можеби ќе разговараме и за политички актуелни теми во Косово, во регионот, во Македонија, нормално, за идните локални избори. За локалните избори сме во релаксирана и добра атмосфера. Јас се надевам дека ќе изнајдеме најдобро можно решение, зборувам за ‘Влен’, во Владата нема некакви проблеми, турбуленции. Зборувам за меѓу нас во ‘Влен’ како да биде најдоброто можно решение да нема незадоволни, сите страни да бидат задоволни во оваа коалиција“, вели министерот Таравари.
Некои од медиумите оваа недела објавија дека во коалицијата „Влен“ има несогласувања поради тоа што актуелниот министер за здравство и лидер на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, побарал 40 отсто од кандидатите за градоначалници да бидат од неговата партија. Тој не кажа дали имал такво барање и цела недела уверува дека коалицијата „Влен“ е стабилна.