Македонија
Денот на народното востание одбележан на три локации во Битола
На три локации во Битола свечено беше одбележан 11 Октомври, денот кога пред 78 години тогашните борци ја започнаа битката за ослободување од фашизмот.
Свежо цвеќе пред споменикот на загинатите борци пред Центарот за култура во Битола положија битолската градоначалничка, Наташа Петровска, претставници на Советот на Општина Битола, Општинскиот сојуз на борците, претставници на политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како и нивните подмладоци.
„Денес е еден од најзначајните празници од нашата историја, денот кој што е поврзан со нашата слобода, со нашата независност, просперитетот и нашата иднина. Токму во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на сите наши борци кои што ги положија своите животи, токму за нашата слобода. Нека ни е вечен и честит празникот 11 Октомври“, рече градоначалничката Петровска.

Свое обраќање имаше и претседателот на Сојузот на борци од Битола, Александар Трајковски.
„Овој ден е значаен за нас, затоа што ова беше почеток на добивање на слободата, создадовме држава и посреќен живот за идните поколенија, создадовме и целосно подобри услови за живеење, затоа што тоа беше и социјална револуција. Нека ни е среќен и долговечен овој празник“, истакна Трајковски.
Делегацијата предводена од градоначалничката Петровска положи цвеќе и пред споменикот на народниот херој Стив Наумов, лоциран пред Офицерскиот дом во Битола, како и на партизанските гробишта, со што им оддадоа почит на сите народни херои, кои ги положија животите во Втората светска војна, за слободна и независна држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот кон Ќафасан поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода сообраќајот према ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време со температура до 6 степени
Времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Во четврток и во петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени.
Од петок и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе биде во пораст.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, сообраќајот во прекин
Од 20:30 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 Кочани – Штип (с.Долни Подлог – с.Тркање) е во прекин, поради сообраќајна незгода.
Сообраќајот се пренасочува преку с.Тркање кон екпресен пат Кочани – Штип, соопшти АМСМ.

