Македонија
(Видео) Десетина имиња во игра за претседателски кандидат на СДСМ
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека десетина имиња се во игра за кандидат за претседателските избори на СДСМ. Тој најави дека ќе се избира најдоброто можно решение.
„Мислам дека повеќе од десеттина имиња се истражуваат – Македонци, Албанци, Турци, Срби, повеќе имиња истражуваме за да видиме како размислуваат граѓаните, правиме кростабулации со можни кандидати од противничката страна и слично за да видиме како тоа ќе изгледа. Веројатно, тоа е чекор по чекор за да се обидеме со силата на аргументите, со ставот на граѓаните, да се обидеме, прво во коалицијата, пред сè, и пошироко во консултации со граѓански организации и други за да најдеме личност, која од сите оние понуди, за секој што се нафаќа, да го најдеме најприфатливото решение. Најприфатливото решение, впрочем, би значело максимално консензуално прифатливо решение. Консензуален во Македонија значи сите да застанеме зад него. Тоа не е возможно. Веројатно, опозиција и власт ќе се поделиме. Но, во секој случај јас ќе се обидам да разговарам, дури и со одредени опозициски партии, секако доколку имаме сериозни одлуки, зад кои, прво дома, во мојата партија, па во коалицијата, би прифатиле имиња за да може да го прошириме и опфатот на сите. Верувам дека ако се оди само на претседателски избори, тоа треба да го направиме малку покомфорно за граѓаните, да не ги закочиме процесите што се водат во државата затоа што претседателските избори се многу важни. Изборот на претседател на државата е многу важна постапка, но пред тоа да им дадеме шанса на развојот и растот на Република Македонија“, изјави Заев.
Тој додава дека дебатата е отворена и централниот одбор веројатно ќе се одржи в петок. „Може да донесеме одлука, може само да биде дел од дебатата, па за неколку дена и да ги донесеме одлуките, но сигурно ќе почнеме со постапките за номинирање кандидати за претседател на државата и кандидати за градоначалници на Охрид, Ново Село и на Дебар. Тоа се општини каде што ќе се одржат и локални избори заедно со претседателските. Тоа сигурно ќе се случи во делот на одлуките, но и дебатата ќе биде отворена за донесување одлука дали заедно со претседателските ќе одиме и на предвремени парламентарни избори“, вели Заев и додава: „Мислам дека нема партија од поголемите што не прави анализи и рејтинзи во моментот бидејќи секој сака да победи, секој сака да застане зад вистински кандидат, секој сака на граѓаните да им го понуди најдоброто што постои, да, и ние правиме истражување во овој момент по разни основи за да можеме секако да носиме најпаметни одлуки“.
Во однос на можноста за реконструкција на Владата, премиерот вели дека нема донесено некоја одлука. „Нели рековме за ова ќе размислуваме кога ќе заврши процесот за преспанскиот договор, оваа недела, дај боже, да заврши, ќе одлучи грчкиот парламент кога тоа конечно ќе се случи. Но, секако, и тоа е поврзано со сите други одлуки кои во моментот се носат. Ако имам каква било одлука, јас веднаш ќе ја соопштам“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

