Македонија
Десет починати и 276 новозаразени со Ковид-19
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.720 тестирања, а регистрирани се 276 новислучаи на КОВИД-19: Скопје – 130, Битола – 35, Прилеп – 17, Охрид – 14, Куманово – 13, Штип – 10, Кавадарци – 9, Струмица – 7,Крива Паланка – 6, Тетово – 5, Кочани, Свети Николе и Пробиштип – по 4, Велес и Ресен – по 3, Гевгелија, Неготино и Богданци – по 2, Гостивар, Кичево, Струга,Радовиш, Делчево и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 249 оздравени пациенти од: Скопје – 111, Битола – 35, Прилеп – 22, Кавадарци – 18, Штип – 9, Велес – 8, Куманово и Делчево – по 7, Кочани и Ресен – по 6, Берово, Виница и Кратово – по 3, Свети Николе – 2, Пробиштип, Неготино, Кичево, Радовиш, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица: 2 починати лица од Скопје (82г и 82г), по едно починато лице од Свети Николе (68г), Кратово (88г)и Демир Хисар (55г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 5 починати лица со датум на смрт од 21.11.2021 до 28.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (3), Прилеп (1), Кичево (1). Починатите лица се на возраст од 29 до 79 години. Двелица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.
Направени се 2.720 тестови преку: ИЈЗ-213, ЦЈЗ Скопје-35, ЦЈЗ Битола-72, ЦЈЗ Прилеп-50, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–175,Жан Митрев (Филип Втори)-60, Авицена-1108, Биотек-107, Систина-46, лабораторија Лаор-255, Синлаб-20, Ремедика-0, Плодност–48, Генеа-7, Никоб лаб-270,ВФВ Медикал-37, Ели Медика-30, Ројал Медика–60,Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–3,Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) –вкупно 1.051.
Досега во земјата се направени вкупно 1.484.645 тестирањана Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.301,бројот на оздравени пациенти е 203.574, на починати е 7.641, а бројот на активни случаи изнесува 6.086.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен ветер од северен правец
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.

