Македонија
Дескоска на Регионалниот форум за соработка во Солун

Министерката за правда Рената Дескоска учествува на Регионалниот форум за соработка во Солун, насловен „Денешните предизвици, утрешни перспективи: Балканот во 2030“, кoj се одржува од 15 до 17 февруари, во организација на Градот Солун.
Темите за дискусија на овогодинешниот форум се фокусираат на приоритетите на Романското претседателство со Советот на ЕУ во врска со Западен Балкан, Солунската агенда, бегалската криза и поврзаноста на регионот. Меѓу клучните говорници на овој настан се поранешниот премиер на Р.Грција, г. Папандреу, поранешниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ и евроамбасадорот во Република Северна Македонија, Семјуел Жбогар.
Утре, во рамките на форумот, министерката за правда, Рената Дескоска ќе се обрати на тема: „Борба против лажни вести и дезинформации – Заштита на демократијата во дигиталната ера“.
Регионалниот форум за соработка во Солун е платформа која овозможува прогресивен дијалог меѓу клучните актери од политичката, економската, академската, бизнис заедницата и граѓанското општество на Балканот. Форумот е регионална геополитичка иницијатива која цели кон мирно решавање на регионалните спорови и зајакнување на соработката помеѓу земјите од Балканот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно облачно со услови за дожд и снег

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.