Македонија
Дескоска номинирана за член на Венециската комисија наместо Каракамишева
Професорката и министерка за правда, Рената Дескоска, е номинирана да биде член на Венециската комисија, каде што досега државата ја претставуваше професорката Тања Каракамишева. Дескоска ја потврди одлуката на Владата и дополни оти се надева дека ќе може да го усогласи законодавството на Македонија со европското. Таа тврди дека не е спорно што Владата номинирала министер за да биде член на Комисијата.
„Земјите што често праќаат закони на мислење до Венециската комисија избираат да номинираат за свои претставници министри, заменик-министри или државни секретари доколку тие ги исполнуваат условите заради подиректна соработка со Комисијата и целосна и искрена размена на ставови. Таков е примерот на Црна Гора, која за свои претставници ги има министрите за правда и за надворешни работи, Србија, чиј претставник е заменик-министерот за правда, Романија, Унгарија. Секако, во моментот одлуката на Владата е само номинација“, напиша Дескоска.
Каракамишева беше делегирана во Венециската комисија како правен експерт од претходната влада на Никола Груевски. Таа е член од јануари 2016 година на местото од професорката Гордана Силјановска-Давкова.
Членовите на Венециската комисија имаат мандат од четири години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

