Македонија
Дескоска со работна група се консултира што да се прави со писмото на Јанева

Министерката за правда, Рената Дескоска, на „Фејсбук“ објави фотографии од денешната средба на работната група за предлог-законот за Јавното обвинителство за судбината на предметите на СЈО. Над фотографиите Дескоска напиша: „Консултации на работната група за законот за Јавното обвинителство“.
На средбата, покрај министерката, присуствувле и државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, академикот Владо Камбовски, обвинителката од СЈО, Ленче Ристоска, универзитетскиот професор Гордан Кајалџиев и уште неколкумина.
Средбата доаѓа по вчерашното писмо на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која ги овласти обвинителите да му ги предадат предметите на Републичкото јавно обвинителство во рок од три дена.
Министерката Дескоска вчера истакна дека ќе се направат консултации за тоа какво влијание ќе има наредбата на Јанева врз одредени одредби во законот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот е во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци.
Порад незгодата од 07:30 часот сообраќајот е во прекин, додаде АМСМ.
Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.